Search This Blog

Saturday, February 18, 2006

Цените на МТ за Интернет пристап паѓаат

Цените на МТ за Интернет пристап паѓаат

За мене фала им, иако ова е секако подобрување на нивната понуда, лично за мене е сеуште е подобра понудата на кабловскиот оператор,каде се вклучив по раскинот на договорот со МТ, во минатата акција на “навистине блиски“.

Со ова подобрување на цената на удар е единствено ОнНет - кој брзо ке мора да ги симне своите цени со сличен процент...

Кабелските оператори може мирно да спијат, нивните цени се сеуште далеку пониски...

Цената на гигабајтот сообраќај ке падне во оној момент кога:

-Кујтеса ке ги намали цените на интернет на големо...

-Кога Неотел (ке ја заврши започнатата оптичката структура) или некој трет играч ке се појави со понуда на поефтин интернет на големо...

-Кога Владата на РМ ке даде концесија некој да ја користи структурата на ЕСМ (столбовите за пуштање на оптика независно од МТ)

-Кога Владата на РМ ке ла легализира оптиката на Рафинерија ОКТА (или како сега се вика) и преку таа оптика ке дозволи проток на Интернет на големо

-МТ не ја чепка цената на гигабајтот на големо бидејки се осеќа сеуште сигурен (нема значајна конкуренција) ...

Значи по мене главен проблем е тоа што Владата на РМ и надлежното Министерство за транспорт нема:

-Таргетирано, во својата политика колкава треба да биде интернет пенетрацијата во РМ

-Вакво таргетирање има во својата политика да речеме Хрватска

-Кога Вледата ке се осети незадоволна од таргетираното исполнување на Интернет пенетацијата и ке спроведе некоја мерка како да речеме втората и третата цртичка од горниот пасус

Кој да ја притисне Владата за ова.

-Ја притискаат веќе веќе на свој начин неколку месеци момците од р-Еволуција (линк 1, и линк 2)

-Ја притиска опозицијата одвреме навреме, но бидејки е изборна година треба да притисне повеќе

-Делови од Владата сама себе треба да треба да ја притискаат целата Влада за да си ги исполни документите што ги има самата усвоено

--Национална политика за информатичко општество,

--Национална стратегија за развој на информатичко општество,

--Ационен план за истото

--Да ја притискаат граѓаните, но проблем е како со протести сигурно нема да се деси (на сите ни се здосади веќе од формите на протести какви што се сега актуелни). Заинтересираните граѓани секој за себе ке протестира преку таканаречената блог заедница...

--Невладините организации кои ја третираат оваа тема, треба да го пуштат гласот во нашата и странската јавност...

--Сепак највеќе очекувам од притисокот на странскиот фактор кој е веќе во македонија да испита зошто Македонија не успева да ја отстрани монополската позиција на МТ

Да не заборавам да опонирам на Безврска кој во неговиот пост "Нови цени и брзини за АДСЛ" вели дека “...Законски, ова е промена на условите на АДСЛ договорите. Секој може сам да си одговори колку кај нас се почитува законот и кај би се префрлил ако се откачи од МТ...“

Подобруванје на услови од договорот т.е. ако Давателот на услугата самоиницијативно ја подобрува понудата од договорот а за тоа не бара да речеме зголемување на цената во правото се толкува како акт на добра воља и дефакто не представува менување на договорот.

Затоа лично јас како неук правник им препорачувам на луѓето што сакаат да го раскинат договорот со МТ, а сето ова да им е повод им препорачувам да се консултираат со своите адвокати...

13 comments:

Photo Volan said...

Ви пренесувам тука размислуваљето на Panta Rei за истата тема -

Повеќе видете на долниот линк

http://mislam.blogspot.com/2006/02/blog-post_114023076378662672.html

Photo Volan said...

И Теко се надоврзува на оваа дискусија

видете на долниот линк

http://softwaremk.blogspot.com/2006/02/blog-post_18.html

bezvrska said...

Оптиката покрај нафтоводот е во функција, но со извесни проблеми. Кујтеса нуди поповолни цени за бизнис корисниците од оннет, а донекаде и од МТ. Проблемот и тука е колку е тоа легално.

Скептичен сум дека без нови поголеми инвестиции ќе има значајно поместување на работите во скора иднина.

bezvrska said...

:) Дали е чин на добра волја и продавањето на 64/64 kb/s како АДСЛ? Интересно е што МТ на одредени црни точки имаше проблем да обезбеди и брзини од 384 килобита. Останува да видиме колку на тие места ќе бидат во состојба да ја реализираат „добрата волја“.

Photo Volan said...

безвека
- дали знаеш дали оптиката што ти велиш дека се користи (полулегално) кој ја користи и со колкав бендвид и воопшто колкав е вкупниот бендвид на таа врска
- дали за ова користење има согласност од институциите на РМ ( и аамиот велиш дека нема) па тогаш како ја користи?
- да се слагам со тебе дека без нови поголеми инвестиции ке нема поместување
- затоа и упорно велем вледата треба да има “таргетирана пенетреција на интернет корисници“
- и ако бројката не се покажува да интервенира на пазарот, а како, таа ако сака има сијасет екоомски и неекономски мерки на располагање (ако не знае владата како,нека не ангажира тебе и мене како консултанти и докажани економски “стручњаци“ во оваа област - сите пари од хонорарот ке ги дадеме во доизградбата на болбицата за деца)
- за ова владата и ја притиска надворешниот фактор - ЕУ луѓето кој дознавме дека деновите се токму поради тоа прашање

Photo Volan said...

безврска
“...Дали е чин на добра волја и продавањето на 64/64 kb/s како АДСЛ...“

-за ова секако и од порано го знаеш мојот став, дека се слагам со тебе :):)
-ги знаеш и мерките што ги презимаме како НВО а против МТ
-јас смо велам дека подобрување на услугата не може да се смета за добар повод за раскинување на договорот (бидејки ти во твојот уводен пост како да кажуваш на луѓето дека ова е можност за раскинување на договорот - бидејки се менуваат условите од договорот)

“Нови цени и брзини за АДСЛ“

“..Законски, ова е промена на условите на АДСЛ договорите. Секој може сам да си одговори колку кај нас се почитува законот и кај би се префрлил ако се откачи од МТ..“

Photo Volan said...

безврска
“..Интересно е што МТ на одредени црни точки имаше проблем да обезбеди и брзини од 384 килобита. Останува да видиме колку на тие места ќе бидат во состојба да ја реализираат „добрата волја“..“

за ова истотака знаеш дека немаме меѓусобно разногласије и упорно заедно кај сите институции бараме никој да не ни наплатува тоа што не го испорачува - но за жал АЕК ги толерира овие ситуации а и одредил преголем рок на непрекинато времетраење на проблемот .... за да може да се намали сметката...

bezvrska said...

Законот за електронски комуникации не прави разлика меѓу промена на подобро и промена на полошо. Како и да е, МТ се обврзани да понудат нови АДСЛ договори кои ќе бидат усогласени со законот.

Photo Volan said...

Безврска

Ова прашање не се решава во законот за ЕК - туку во подзаконските акти и обичајното право..узансите..,можеби и во законот за трговија или некој друг сличен закон...

Незнам точно во кој (ако сакаш ке проверам па ке ти кажам). Но најмалку здравата логика ми вели дека ако некој беспари ти ја подобрува услугата на негов трошок - тоа за мене е акт на добра воља...

Photo Volan said...

Да не заборавам да нагласам дека главна расправа на темава се води на мојот омилен блог Револуција на постовите

Нови цени и брзини за АДСЛ
и
Бидете на Готовс!

Photo Volan said...

За ова размислува и Јован на
негоциот блог

Anonymous said...

Aj chestito blogot, te sledam od pochetok!Poleka no sigurno ke se priblizime do celta.Sega pogolema brzina ,pa kao neshto poeftino ,pa poveke GB,pa da ne ne namaluvaat na 64, itn.itn.(JS)

Photo Volan said...

За Анонимусот

Благодарам на честитката и да даде господ да ги чуе тввоите желби:

“..Poleka no sigurno ke se priblizime do celta.Sega pogolema brzina ,pa kao neshto poeftino ,pa poveke GB,pa da ne ne namaluvaat na 64, itn.itn.(JS)..“

Blog Archive

Site Meter