Search This Blog

Wednesday, March 22, 2006

“Макстил” со раст на профитот од 79,70%

Најголемата македонска компанија за производство на челични лимови Макстил лани работела со нето профит од 146 милиони денари или 2,4 милиони евра, покажуваат неревдираниот биланс на успех објавен на Интернет страницата на Македонската берза.
Профитот на Макстил лани е зголемен за 79,70% на годишно ниво.

Камо среќа да имаме само вакви убави економски вести.

1 comment:

Gjole said...

Да не испадне сега дека идам само по постовиве и мрчам :-)

..ама кога се прави муабет за финансиски извештаи треба нешто и да им кажеш на луѓето да си знаат.

- прво - има повеќе видови на финансиски извештаи - (биланс на успех; биланс на состојба; извештај за готовински текови; извештај за акумулирана добивка.. итн) - и секој од овие извештаи говори за одреден апект од работата на едно претпријатие - битното е тоа што доколку имаш само еден од овие извештаи не можеш со сигурност да кажеш дали една фирма е во "добра состојба" или не.
За да го направиш тоа ти се потребни сите извештаи од кои се добива комплетна слика за тоа како една фирма работи (..дали прави профит - и ако прави, како го направила )

-- кога се збори конкретно за Билансот на успех ( - што најпросто кажано е извештај за финансиските резултати од работењето ) - не е спорно дека Мак-Стил има остварено профит.
- ама од еден прилог на Канал 5 телевизија пред некој ден -- дознав дека таквите позитивни резултати од работењето на Мак-Стил -- откога бил разгледан Билансот на Состојба ( - тоа е извештај за состојбата на средствата и изворите на средствата на една фирма ) - заклучено е дека се резултат на тоа што Мак-Стил си продале многу вреден дел од својата опрема (..некога печка или нешто слично ); а не на тоа што Мак-Стил работи профитабилно...

...така да не е се како што изгледа на прв поглед - дури и кога имаш извештај за тоа! :-)

Blog Archive

Site Meter