Search This Blog

Tuesday, April 18, 2006

Македонската плата - е социјална помош

Македонската плата колку европска дневница

Пред три години просечната плата во земјава беше четири пати поголема од бугарската и двојно од српската, а сега Бугарите не' стигнаа, а Србите не' поминаа
-Месечната плата на македонскиот работник во земјите од Европската Унија се добива за еден ден.
-Платите се зацементирани на околу 200 евра.
-Сега просечната плата во Македонија е 217 евра, во Бугарија - 150, а во СЦГ - 230 евра.
-Логиката на сите работодавци е да не вработуваат работници што, на пример, бараат плата од 15.000 денари ако можат да најдат луѓе што истата работа би ја работеле за 10.000 денари
-Работниците во Хрватска месечно добиваат во просек по 728 евра
-Нивните колеги од Словенија - 988 евра.
-Нивото на минималните плати пак во земјите од Балканот е подобро само од земјите од поранешниот СССР.
-Најниската плата во Грција изнесува 658 евра
-Просекот во Белгија, Холандија, Франција и во Велика Британија од околу 1.200 евра.
-Највисоки минимални плати од 1.326 евра има во Ирска и од 1.503 во Луксембург.
-Во Македонија минималната плата официјално е 5.000 денари (81 евро)
-Но според неофицијалните информации, работниците особено од текстилната индустрија месечно работат и за надоместок од 3.000 денари

Немам коментар за бројкиве а вие??!!

No comments:

Blog Archive

Site Meter