Search This Blog

Saturday, April 22, 2006

Блогерите и имиџот на Компаниите - Брендови

Имиџот на компаниите во раце на блогерите

Капитал, Број 338, 20.04.2006

За компаниите кои вложуваат милиони во градење на својот имиџ блогерите станаа вистинска ноќна мора. Грешката на производот или нељубезноста кон купувачите може да предизвикаат лавина критики кај он лајн коментаторите. Освен угледот компанијата поради бесот на блогерите често го губи и профитот
-
Благодарение на Интернет, незадоволството на еден купувач многу брзо може да се претвори во масовен бојкот на некој производ или компанија.
-
Поради тоа се повеќе компании внимателно следат што пишуваат блогерите за нив
-
Кај нас светскиот тренд на блогирање е во своите почетоци.
-
За жал многу наши компании се уште немаат ни веб страни, а камоли да следат што македонските блогери пишуваат за нив

Е сега. Првата голема реакција на Блогерите во Македонија беше по душманското однесување на МТ према своите корисници, а поврзано со АДСЛ случувањата.

Тогаш неколку блобери го покренааа познатиот блог
р-Еволуција . И што се деси. Се деси за наши прилики несватливо да под влијание на блогерите од р-Еволуција , попушти МТ и ги врати старите услови во договорот со корисниците.

Поради овој блог кој е еден од најопознатите блогови во Македонија и многу влијателен, се пореметија бизнис плановите на МТ за придобивање на нови корисници. МТ тоа не сака да го признае. Но МТ сеуште трпи штета, т.е. корисниците преку овој блог се обидуваат да ги убедат сопствениците на МТ дека КОРИСНИКОТ КОЈ ПЛАЌА Е СЕКОЈПАТ ВО ПРАВО.

Нагласувам дека ова е еден од ретките Блогови каде не се осеќа и нема партиско влијание, од ниедна од Македонските партии.

Блогерите влијааат секако и на политички план кај нас.

Како се приближуваат изборите се повеќе се слушаат аргументите на Македонските блогери.

Се деси и нешто за наши услови несватливо актуелен политичар да отвори свој блог. Блогот на Макрадули Јани – Наша Шанса

Очекувам да во брзо време овој тренд на политичари - Блогери се рашири. Тоа е секако добро за Македонската демократија. А секако ќе биде добро и за политичарите кои така ке бидак во контакт со гласачите.

Овој тренд на блогери политичари е евидентен во светот на развиените демократии.

No comments:

Blog Archive

Site Meter