Search This Blog

Tuesday, April 25, 2006

Пушењето и гласањето

И пушачите се гласачи

Откако пред само неколку месеци ги поскапеа цигарите, набрзина го разви шверцот и ги поднаполни црните фондови на владејачките партии, Владата сега великодушно најави поевтинување на овој производ.

Поради високите цени, наводно, паднала легалната продажба и драстично се зголемил шверцот што Владата не можела да го елиминира поинаку освен со поевтинување на цигарите. И сето тоа, токму пред изборите.

Очигледно беше дека, наспроти ветувањата за полнење на буџетот, Владата, не само што им ги остави одврзани рацете на шверцерите, туку и самата влезе во „бизнисот“. И сега, откако ги „олесни“ потрошувачите, ги изневери очекувањата на производителите и на даночните обврзници, Владата ќе им овозможи на сите заедно евтино да пропушат пред изборите.

No comments:

Blog Archive

Site Meter