Search This Blog

Friday, May 12, 2006

Интернетот во Македонија

После интервјуто на Груевски кај Јанко и повтороните ставови во интервјуто кај Геровски - во кое Груевски ни обеќа јавно дека кога ке дојде на власт ке ни потече мед и млеко во Интернет проблематиката.

Да подсетам обеќа бесплатен Интернет!!
Обеќа ново министерство за Информатика и Интернет ако добро се сеќавам...

Дај боже да ги оствари овие јавни ветувања ако дојде на власт. Како стојат работите во предизбориево и ке дојде....

Еве сега имаме нов спастел од МТ самоволието на дерење на македонскиот народ во ликот и делото на Тито Петковски.

Своите видувања како ке ги реши проблемите со Интернетот во Македонија ги дава во денешниот напис во Утрински

Комплетна либерализација на телекомуникацискиот пазар

Директен линк нема

Утрински Број 2077 петок, 12 мај 2006 Мислења

- развој на либерализиран пазар на телекомуникации како една од основните инфраструктури за сеопшт стопански развој;
- телекомуникациите како основа за развој на производство во електронските, телекомуникациските, информатичките и други сродни индустрии;
- развој на кадри во доменот на информатика и на телекомуникациите.

комплетна либерализација на телекомуникацискиот пазар преку воведување современа европска регулатива, потоа реформа на регулативните тела (Комисијата и Агенцијата за телекомуникации) - во стручни, независни и компетентни регулативни субјекти, стимулирање за влез на светски телекомуникациски брендови и обезбедување поволности за развој на извозно ориентирано производство во доменот на информатичката технологија.

Либерализацијата на пазарот подразбира реформи во два сегмента: едниот, донесување на нова законска-регулативна рамка и подзаконски акти и, вториот, формирање независни и стручни регулативни тела. Според агендата за либерализација на пазарот на телекомуникации, Владата требаше да ги создаде сите предуслови за комплетна либерализација, заклучно со 31 декември 2004 година. Основата за тоа беа Договорот за стабилизација и асоцијација, односно Концесискиот договор за ексклузивни права (монопол) на "Македонски телекомуникации" (МТ). Законот за електронски комуникации беше донесен во март 2006 година, меѓутоа подзаконските акти за либерализација на пазарот се уште не се комплетирани. Основата за либерализација на пазарот се два акта: референтна понуда за интерконекција (која обезбедува корисниците да имаат право на избор на оператор преку кој ќе ги реализираат телефонските повици), односно референтна понуда за разврзана јамка. Референтната понуда за интерконекција е со цени 3-4 пати повисоки од европскиот просек за интерконекција, што не обезбедува деловна клима за влез на нови оператори додека, пак, референтната понуда за разврзана јамка е неподготвена.

Според Концесискиот договор, монополот на МТ требаше да заврши на 31 декември 2005 година, но поради неажурноста на Владата и релациите со МТ, либерализацијата на пазарот се одложи речиси за две години. Врз основа на новиот Закон за електронски телекомуникации, Министерството за транспорт и врски веќе требаше да го ревидира овој договор, за што има ангажирано и странска консултантска кука од Унгарија. За ваквиот несериозен третман и непочитување на роковите од Законот за електронски телекомуникации од страна на Министерството и Владата, добиени се и опомени од Европската комисија.

Некој добро го проучувал овој блог......

Е сега дали се ова само нафрлени флоскули ке видиме.....


Инаку Макрадули Јани се обрука со недоволно познавање на оваа област и дефинитивно ја промаши работата со неговиот блог, преку кој требаше да ни се обрати нас со тоа што направил во изминатите четири години и што мисли да прави во наредните четири - ако повторно ја добие власта. Се рабира на Интернетот во Македонија мислев.

Што се однесува до МТ и неговата понуда. Видете другарчиња. Мт има легитимно право да не дере и тоа го користи потпомогнат од двете последни влади. Може тоа нас да не боли и не боли секако. Но ние директно кај МТ ништо повеќе и не можеме. Се работи за приватна компанија која настапува на пазар со цел да заработи што повеќе.

Нашите проблеми ни ги прави Владата. И таму треба да го бараме и очекуваме решавањето на проблемот.

Од МТ само очекувам позитивно да одговори на проблемот со неправилно наплатените пенали. Т.е. очекувам доброволно да се откаже од пенал стратегијата.

Ние Македонците знаеме да паметиме кој према нас се однесувал со добро и лошо. Па ке дојде време кога тоа ке им се врати по глава кога тогаш. А секако ако МТ не се вразуми за пеналите ИМ треба да си го оправда постоењето со организирање на заинтересираните граѓани за заедничка тужба контра МТ. Сето потпомогнато од неколку адвокатски канцеларии кои ке работат про боно на проблематиката (вече имаме и пријавени адвокатски канцеларии).
И секако неколкупати месечно преку прес конференции ке им го загорчуваат животот на МТ со негативна реклама.

А Македонскиот граѓанин ќути и трае , но памети....

1 comment:

Anonymous said...

Многу убава тема. Секоја чест.

Blog Archive

Site Meter