Search This Blog

Friday, May 12, 2006

Работа за млади и здрави

Просечната месечна заработка се движи од 9.000 до 15.000 долари, а работа најчесто се наоѓа на платформите во Норвешка, Алјаска (САД), Канада, а од скоро и во Дубаи

Добрата и брза заработка ги тера граѓаните од земјава да одат на работа на нафтени платформи и покрај ризикот од сериозни последици за здравјето. Тие што еднаш работеле среде море велат дека никогаш повеќе нема да се вратат таму. Но најчесто се премислуваат и веднаш штом ќе ги потрошат парите повторно заминуваат на шестмесечен гурбет. На нафтените платформи заработуваат до 15.000 долари месечно.

За да се најде работа на нафтена платформа, потребно е малку сурфање по Интернет за да се најде веб-страницата на некоја агенција за посредување. Мора да се исполнуваат и критериуми. Мажите што сакаат да работат мора да бидат физички силни. Од нив се бара да бидат повисоки од 175 сантиметри, тешки повеќе од 85 килограми и да имаат одлична здравствена состојба. Најчесто работа се наоѓа во Норвешка, Алјаска (САД), Канада, а од скоро се нудат и работни места на нафтена платформа во Дубаи.

Просечната месечна заработувачка се движи од 9.000 до 15.000 долари, во зависност од работното место. Најчесто се бараат работници без образование, кои се доволно силни за да извршуваат тешки физички работи. Но има и побарувања за инженери, готвачи, келнери, чистачи. На некои платформи, во зависност од земјата на која и' припаѓаат, постои временско ограничување на ангажманот. Тој најчесто не може да биде подолг од шест месеци поради можноста за труење на телото со отровни материи. Иако работат шест месеци, на вработените им се плаќа за цела година, а имаат и бенефицирана стаж.

Агенциите нудат работа само за мажи. Посебна комисија од компанијата што вработува одредува дали тие одговараат на потребите на работодавецот. Најчести барани професии, покрај физички работници, се готвачи, келнери, медицински работници, месари, хигиеничари, собари, но и електричари, заварувачи, кранисти, сервисери, машинци, погонски инженери.

ОД СИРОМАШТИЈА СЕ БЕГА И ПО ЦЕНА НА ЗДРАВЈЕ-
Македонци бараат работа на нафтени платформи

No comments:

Blog Archive

Site Meter