Search This Blog

Tuesday, June 06, 2006

Алармантни настани се случуваат во Косово

Кај нашиот северен сосед се случуваат алармантни настани. Пред некое време српсакта штампа објави информации дека Обединетите нации се спремаат за ов ексодус на србското становништво од Косово. Дури беше лицитирано со бројки и можни правци на егзодусот - да не речам ново етничко чистење.
Се лицитираше со бројка на 60 до 100.000 бегалци.

Во нашата јавност тоа помина незабележано. Ние сме преокупирани со Избори....

Во денешниот Дневник во написот Косовските Срби прогласија вонредна состојба се вели дека 50.000 Срби од северниот дел на Косово прогласија вонредна состојба и објавија дека ги прекинуваат сите врски со УНМИК и со косовските власти, поради зачестените напади врз етничките Срби.

Во Резолуцијата 1.244 на Советот за безбедност на Обединетите нации е предвидено враќање на 1.000 српски полицајци на Косово.

- Ако не се вратат српските полицајци, општините од северно Косово ќе објават оглас за вработување на 999 српски полицајци - пишува во Декларацијата.

Навистина алармантни случувања кај северната граница .....

No comments:

Blog Archive

Site Meter