Search This Blog

Wednesday, June 14, 2006

Тампон Зона

Ете вака јас би ја крстил државата која ја заговара Франција.
Чекалница за Балканот пред вратата на ЕУ-Тампон Зона

Интересно е да се цитира зошто франција го прдлага ова формирање на заедничка држава:

....да му овозможат на Балканот да се
-ослободи од товарот на историјата,
-од комунистичкото наследство во економијата и во политиката
-и да се научи на меѓусебно споделување на суверенитет пред да влезе во ЕУ,
датум кој според оваа анализа не е определен, но е сигурно дека е далечен....

За повеќе види тука.

Има и други предлози, за нови држави на Балканот во кои сме и ние вклучени. А тоа е ако се сеќавате државата која ја заговараат нашите Албанци - таканаречена АЛМАКОС. Федерација на Албанија Косово и Македонија.

Во овој предлог осеќам дека и Американската политика пушта пробни балони преку нашите Албанци. Но мислам дека САД ќе сака да види во таа држава и некои други територии. Но ке видиме ке покаже времето...

Ке испадне дека креаторот на нашето референдумско прашање кога гласавме за самостојна Македонија имал голема визија - или бил инструиран од сегашниве творци на новиве држави на балканот. Мораме да си признаеме едно што го знаеме од многу одамна. Оваа наша територија на Балканот од секогаш била тампон зона на продорот на Исламот во Европа. И како таква територија сеуште ја играме улогата доделена од Европа и Америка...

No comments:

Blog Archive

Site Meter