Search This Blog

Friday, June 16, 2006

Славомакедонија – Славомакедонци (втор дел)

Некако како да предосеќав дека оваа теме ке зоврие деновиве и затоа и го пишав првиот пост. Линк тука. Или тука.

Темата продолжува со напис на Катица Ќулафкова во денешниот Дневник – со наслов: Славомакедонци е признание, а не навреда! - АКАДЕМИЦИТЕ СО НОВ СТАВ ВО СПОРОТ СО ГРЦИТЕ

Препорачувам изворно да го прочитате написот линк тука.

“...Атрибутот славомакедонски не го негира македонскиот идентитет и тоа треба да стане стратегиски консензус во Република Македонија, смета академик Катица Ќулафкова..“
“...
Атрибутот славомакедонски ја дообјаснува македонската припадност и идентитет, а не ги негира, и тоа треба да стане научен, интелектуален, политички и стратегиски консензус во Република Македонија, смета академик Катица Ќулафкова и затоа има разбирање за Грците кога не' пишуваат славомакедонци...“
“...терминот славомакедонски, кој кај нас се толкува како повреда на идентитетот, треба разумно и стратегиски да се разгледа...“
“...Дали има и елементи на словенско во македонската култура и јазик и како тоа да се изрази со цел да се дистингвира од културата на античките Македонци, на која имаме право да се повикуваме ние како Македонци, како Република Македонија, со оглед на фактот што живееме на иста територија, и дали тој факт може во послободни контексти да се атрибуира и како славомакедонски, е прашање што треба разумно, научно и стратегиски да се промисли...“
“...Кај нас секоја дискусија на таа тема се прима како повреда на идентитетот. Никој не помислува дека тоа е признание за македонскиот идентитет, кој во себе содржи и македонски елементи, односно како антички така и словенски, со оглед на тоа што македонскиот јазик е словенски. Нашиот идентитет има и балкански елементи, а ние како народ сме најтесно поврзани со словенската група народи. Сепак, од друга страна, немаме право да се откажуваме од античкото културно наследство. Атрибутот славомакедонски ја дообјаснува, а не ги негира македонската припадност и македонскиот идентитет. Но, ова треба да стане научен, интелектуален и политички стратегиски консензус на Република Македонија...“

Останатиот дел од текстот се поврзува со протестот на Македонските поети за промена на македонската поезија во Славомакедонска поезија.

Морам да признам дека овој напис или интервју со Катица Ќулафкова - за мене е интересен поради суштината на дообјаснување на атрибутот Славомакедонија и Славомакедонци со кои називи милува да не ословува Грчката официјална надворешна политика, а тоа долго време го милуваше и нашата Албанска популација преку ликот на Албанските политичари и партии – кои кога сакаа малку да не рчнат и спуштат на земја не нарекуваа Славомадедонци и Славомакедонија.

На крај морам да го изразам мојот став дека никој нема право да му наметнува на некого како ке се ословува самиот себе. Тоа за мене е човеково право. И да секако со Ќулафкова се слагам особено во делот каде вика “... Атрибутот славомакедонски ја дообјаснува, а не ги негира македонската припадност и македонскиот идентитет...“

No comments:

Blog Archive

Site Meter