Search This Blog

Thursday, June 29, 2006

МРТВ - претплата

До прошлиот месец редовно ја плаќав претплатата - не затоа што ја обожавав програмата на МТ - туку затоа што беше ставена со сметката за струја.

Сега кога е одвоена претплатата од сметката за струја - еве јавно кажувам не плаќам веќе претплата - како и поголемиот дел од Македонскиот народ што не плаќаше до сега. Ова изгледа ке биде првата граѓанска непослушност која спонтано сама по себе ја организираше Македонскиот народ.

Квалитетот на програмите на МРТВ се многу слаби и малку гледани. Куќата отмено пропаѓа во долгови. Видете само колку мизерни се ТВ преносите на Светското првенство во фудбал. Посебна прикаска за себе се коментаторите кои не знаат да го задржат вниманието на гледачот со соодветно уфрлање на разноразни податоци од интернет - за фудбалерите или нивните земји. Го пренесуваат преносот со податоци кои и сами ги гледаме. Ние и самите гледаме дека е топката на лева страна и....

Разни радио коментатори привлекоа повеќе и појаки спонзори од самата МРТВ. Значи не ги бива.

Па ако сакаат политичките партии да имаат свој медиум , додека се на власт нека го направат тоа со пари од буџетот.

За МРТВ пишува и денешен Дневник. Линк тука.

No comments:

Blog Archive

Site Meter