Search This Blog

Friday, July 21, 2006

Порталот на Учителската школа

Пак Донација за нешто што е наше - старо...



Порталот на Учителската школа ќе се обнови и покрај многуте оштетувања



“..Турски стручњаци ќе го обновуваат порталот на Учителската школа, кој и покрај низата оштетувања и катастрофалниот скопски земјотрес, сж уште опстојува во кругот на општинските бараки на Центар. Помошта на турските стручњаци општинарите од Центар ја добија при неодамнешната посета на нивните колеги од збратимената истанбулска општина Ејуп. Обновата, пак, на порталот на Старата учителска школа градоначалничката Аларова планира да ја вклопи во проектот за изградба на новата општинска зграда за која маркичката ќе се вклопи во нови ДУП-и за Дебар Маало 1..“


Изворно тука.

Учителска школа била лоцирана во кругот на денешна Општина Центар во Скопје. Oстаток од неа е само порталот како споменик и сведок на минатото.

Хафиз Мехмед-паша (турски:Hafiz Mehmed Paşa), роден во Багдад, доаѓа 1820 во Скопје за скопски валија. Помеѓу другото неговото внимание го посветува на образованието па почнува со градба на средното училиште "Идадија" во близината на градскиот парк, кој е исто така негово дело, во тоа време познат под името „ислахански парк“.

Во средното осмогодишно училиште можеле да учат сите деца и од сите вероисповеди, учејки во дневно или вечерно училиште.

Набрзо потоа се трансвормира во гимназија а во 1898 во Учителска школа. Во неа се создава кадар за потребите на образованието - учители така да во учебната 1913/1914 година завршиле 287 ученици.



Во 1935 Учителската школа е поплавенa од излевањето на Вардар. Kако спомен на таа непогода на едниот столб од порталот е издлабена годината и водостојот која го зафатила.

На 3 ноември 1944 во селото Горно Врановци, е донесена одлука за основање на Школата за народни учители во Скопје.

Школата за народни учители во Скопје официjално започнува со работа на 1 март 1945 година, со 13 наставници и 314 ученици во 9 паралелки.

Третиот кат бил интернат за женските ученици, со болнички стационар, a машките биле сместени во објектите во дворот на истата.

Подоцна од Учителска школа се преименува во Учителска школа „Никола Карев“ – Скопје.

По втор пат во 1962 година реката Вардар го поплавува училиштето, а веке следната година по катастрофалниот земјотрес во 1963 година се урива зградата, оставајќи го само влезниот портал од Учителската школа, како нем споменик.

Во 2006 Општина Центар започна со иницијатива порталот од Учителската школа да претставува симболичен влез во новата општинска зграда, спечувајќи го така неговото пропаѓање од забот на времето.

Горното е преземено од Македонската Википедија - Учителска школа (Скопје)

1 comment:

Anonymous said...

Keep up the good work. thnx!
»

Blog Archive

Site Meter