Search This Blog

Friday, August 11, 2006

САМОУБИСТВО

Под самоубиство се подразбира кога ке си го одземеш животот самиот на себе ... и од своја рака извршено убиство.

За етимологијата на зборот самоубиство видете тука.

Животот најчесто ти е подарен од твоите родители (црквата вели од Светиот Дух..) и најчесто е створен во љубовен чин - со љубов.

Стварањето на човечки живот за природата значи продолжување на врстата ....

Но од разни причини човекот посега по најскапоценото што го поседува - а тоа е својот живот – еден единствен и неповторлив. Па така познати се повеќе причини за самоубиство:

  • Лудост – длабока неуротско пореметување
  • Вродено тежнение према смрта (Фројд)
  • Безизленост
  • Социјални причини (општествено економски)
  • Неможност за обезбедување на егзистенција ...
  • Невозвратена љубов
  • Прашање на честа (харикири и сепуко) ...
  • Религиозна убеденест за продолжување на животот по смртта – со желба за “вечен живот“ или што побрза “средба“ со веќе умрените ....
  • Освета
  • Тероризам ...
  • Неизлечива болест или тешка старост (еутаназија) ...

Во светски размери самоубиствата се во рапиден пораст и тоа треба да не загрижува сите нас што сме “здрави“.

Мажите повеќе вршат самоубиства во однос на жените (сооднос од 2:1 до 4:1).

Огромен е бројот на самоубиствата кај децата и адолесцентите. Кам машките деца самоубиството е почесто пред пубертитетот а кај женските после пубеттитетот.

Пореметувања на работата на еднокрилната жлезда – доведува до:

  • Предиспозиција за стварање на конфликти
  • Зголемена тврдоглавост
  • Депресија
  • Невротично повлекување во себе

Кај децата самоубиствата се чести и во нездраваите и нехармонични семејства. Пореметените односи во семејството...

Традиционални начини за извршување на самоубиства се:

  • Фрлање од височина
  • Труење
  • Бесење
  • Упукување (во глава-стомак-срце..)
  • Давење
  • Харикири – сепуко

Црквата се противи на самоубиството – затоа што тоа е смртен грев и противење на Светиот Дух – кој дава живот и кој единствено решава кога ке престане животот .... Самоубиството за црквата е пострашен грев и од чинот на убиството – затоа што гревот со извршување на убиство може и да се покае но за гревот со вршењето на самоубиство нема покајание .... Затоа црквата не присуствува на обредите на упокојување на самоубици.

Во најново време самоубиствата во некои религии се врши со акт на тероризам – убивање на недолжни луѓе – а со цел на одмазда ....

Од историјата ни се познати Камиказите самоубици – но тие беа усмерени према “легитимни“ воени цели и се сметаа за акт на бранење на честа на Јапонскиот Цар и народ ...

Овие “современи камикази“ – се усмерени најчесто према недолжното и немоќното цивилно население – и затоа со право се сметаат за терористички дејствија ...

Се прашувам дали е толку моќно “убедувањето на човековата психа“ дека со чинот на терористичкото самоубиство ке се остварат “светлите идеали“ и “верувашето во вечниот живот и блиската средба со твоите во задгробниот живот“...

Идеологиите се створени од човек и му служат са остварување на целите на човекот....

Самоубиство по мене е израз на кукавичлук во немоќта да се избориш за своите цели на друг начин....

2 comments:

Anonymous said...

Wonderful and informative web site. I used information from that site its great. »

Anonymous said...

Very cool design! Useful information. Go on! » »

Blog Archive

Site Meter