Search This Blog

Saturday, August 05, 2006

Црковно-Археолошки туризам

Од секојпат сум се залагал за специфична форма на туризам во Македонија. Ние немаме море - добро имаме езера и планини - но тоа го имаат скоро сите држави во светот.

Но ниедна држава во светот нема иљадници откриени и неколку иљадници неоткриени Археолошки локалитети - кои комбинирани со уникатните средновековни цркви и манастири - се страшно добра понуда. Напластена последователна цивилизација - безброј убави артефакти ...

Колку држави во свекот се спомнати во Библијата. На прсти се бројат.

Колку држави во светот можат да се пофалат дека од нивна територија потекла писменост на повеќе европски народи...

На митски приказни - Грција ја има развиено т.е дополнето туристичката понуда. А по нашата земја во кое село и да појдеш, на која чука и да застанеш - народот ке ти раскаже неколку мита... (странците ги обожаваат митовите)

Зарем треба странци да ни ја рекламираат Македонија и да не освестуваат што се имаме ... земете го Јахоо од неодамна за пример... Рекламата на ЦНН -која ја плати ЕУ...

За ова се залага и денешен Дневник. Повеќе тука.

No comments:

Blog Archive

Site Meter