Search This Blog

Wednesday, August 09, 2006

Старата чаршија - Бункер

Со години наназад старата чаршија ги губи посетителите и со потезите на новата локална власт тоа уште повеќе доаѓа до израз ...

Покривање на Скопјанка со огромното знаме на Албанија - Градбата (“легална“) на споменикот на Скендер бег на едната страна од чаршијата и најновата “порта“ од другата страна на чаршијата - од чаршијата прави уште поголем бункер и етнички како да ја дочистува чаршијата....

Дали со ова се провлекува улицата - цртата со која Скопје се дели на два дела како на времето што се направи со Бејрут или Сараево кај нас ..... Одамна во главите на Албанците границата е камениот мост.

Со ова локалната власт на Чаир придонесува да се гетоизира строгиот центар на Скопје ....

Никој веќе без неопходна потреба не шета по прекрасната стара ларшија - по душата на Скопје. Безбедноста на посетителите одден наден се намалува. Не сум сигурен дека ова го сакаат сопствениците на дуќаните низ Старата чаршија - кои останаа без работа. Занаетите одамна замреа .....

Ова го актуелизира и денешен Дневник. Линк тука.

...Кривична пријава за бесправно градење во заштитено подрачје заработи Општината Чаир, откако пред неколку дена почна да гради порта на еден од четирите влеза во Старата чаршија, од страната на Бит-пазар.

Од Управата за заштита на културното наследство, која ја поднесе пријавата, велат дека во проектот за обнова на калдрмата во чаршијата воопшто не е предвидена изградба на каков било објект, туку е дозволено само поплочување на две улици. Од Управата информираат дека на Општина Чаир и' издале решение за запирање на градбата....

Blog Archive

Site Meter