Search This Blog

Friday, December 01, 2006

AEK - го минира развојот на интернет комуникациите

Агенцијата го минира развојот на интернет комуникациите
1. Декември, 2006
После една година работа за создавање подобар и попристапен интернет за сите граѓани, здружението Интернет Македонија констатира дека состојбата не е многу променета. „Корисниците на интернет плаќаат убедливо највисоки цени во Југоисточна Европа, постојано се жалат на неквалитетни услуги, а интернетот останува луксуз за мно¬зин¬ството граѓани на Република Македонија“, рече Александар Николов, Претседател на организацијата.

После една година работа за создавање подобар и попристапен интернет за сите граѓани, здружението Интернет Македонија констатира дека состојбата не е многу променета. „Корисниците на интернет плаќаат убедливо највисоки цени во Југоисточна Европа, постојано се жалат на неквалитетни услуги, а интернетот останува луксуз за мно­зин­ството граѓани на Република Македонија“, рече Александар Николов, Претседател на организацијата.

Агенцијата за електронски комуникации (АЕК) се потврди како најголем кочничар за развојот на подобри и поевтини услуги. Со буџет од над 4 милиони евра годишно и стотина вработени, АЕК успеа да ги пробие сите рокови за донесување на подзаконските акти со кои требаше да се зго­леми конкуренцијата на пазарот. Според Интернет Македонија, дури и оние акти што се донесоа, јасно ги фаворизираат АД Македонски телекомуникации, наспроти интересите на граѓаните и другите оператори.

Агенцијата не ја почитува ниту законската обврска да објавува податоци за квалитетот и цените на услугите за да им олесни на граѓаните да направат информиран избор. Се толерира заведувачко рекламирање со кое операторите ги намамуваат граѓаните, а и новите АДСЛ договори со одоб­ре­ние на АЕК се склучуваат под незаконски услови, неповолни за корисниците.

За ваквите состојби, Интернет Македонија ќе вложи претставка до Народниот правобранител, а ќе ги извести и претставништвата на САД и Европската комисија кои беа активно вклучени во подготовка на реформата на телекомуникацискиот сектор.

Николов изјави дека независноста на АЕК не смее да се претвори во несносење одговорност за резултатите од работењето. За таа цел Интернет Македонија ќе предложи на Собранието и Владата воведување на квартални извештаи за работењето на Агенцијата, како и воведување на параметри за квалитет на интернет услугите кои задолжително ќе се објавуваат и внесуваат во претплатничките договори.

Конечно, Интернет Македонија ја посоветува новата влада наместо да вложи во нови канцеларии или мебел, да оддели средства за докупување нови широкопојасни капацитети, затоа што е очигледно дека постојните капацитете веќе се загушени.

Blog Archive

Site Meter