Search This Blog

Saturday, December 09, 2006

“КУРТО и МУРТО“

На блог сцената во МК од пред некој месец се појавил блогер ТРИБУН - кој го заслужи моето внимание и ги исчитав скоро сите постови ....

Последниот негов пост ме предизвика да оставам коментар кој беше подолг и заслужи да биде посебен пост кај мене:

За топикот ... Анализа: секс скандалите и политиката ...

Што да кажам - добра анализа.
Можеби фали да се дадат примери од нашата политичка сцена ...

Па така нели нашиот екс-председател Киро Глигоров - имаше “секс“ афера со една од своите соработнички во кабинетот ... која брзо по скандалот замина на наградно работно место во Лондон ... На Глигоров ни влакно на главата не му зафале заради скандалот ...

Незнам за други секс афери на наши политичари - но за оној другиот вид - политичари поврзани со разноразни криминални и коруптивни афери ... е такви има секојдневно ... Дури за нашата држава се вели дека Мафијата кај нас си има своја држава ...

Ниеден политичар кај нас не падна заради некоја криминална афера или коруптивна ... а тоа е еден од главните причини зошто сме толку далеку од ЕУ интеграциите а сепак сме опкружени со ЕУ ...

Нели имаше афери дека БЦ е човек кој е љубител на чашката ... па нели и една бандера падна од скопските улици ... човек кој во својот брак едно време имаше проблеми ... Но сето тоа не доведе до пад на политичката кариера на БЦ ... Кај нас што поголем мангуп си во политиката - то поголем успех имаш кај народот ... Народот вели па што бе - му се може ... и во стилот е ај кажи кој е подобар од него ...

Еден друг политичар - кој си го кршеше кабинетот во неколку наврати во наплив на емоции ... кој има и други лични недостатоци ... нема последици од таквите изливи за својата политичка кариера ...

Еден друг политичар од нашето неодамно минато - владиното авионче го користеше за туристички екскурзии ... а тој сега посебно живее со својата сопруга ... па и за него не се крева преголема прашина ...

Имаме и случај на политичар од сегашната владеачката гарнитура кој истотака имаше проблеми во бракот ... но и човекот си фура во политиката ...

Од друга страна Циле Топурковски кој го нападнаа дека иако живее во МК - неговата фамилија живее отаде барата ... успешно беше слистан од политичката сцена ... меѓу другото и заради проблемите во својот личен живот ...

По мене сето тоа е заради ситуацијата на владеење на две партии “КУРТО и МУРТО“ (од мене наречени) ... Овие две партии на нашата политичка сцена се менуваат - со подеднаков неуспех за народот за сега - но со бајаги успех за својата партија и за себе самите .... Од друга страна здушно заедно се борат против секој никулец на ново политичко здружување ... Посебен е проблемот на недомократичноста внатре во партијата ... и таканаречените човек партии ...

Се извинувам заради долгиот коментар (ме предизвика да си напишам свој пост)

Заклучок - сеуште немаме ситуации каде наш политичар паднал заради секс афера или заради криминална афера - непотизам - корупција ... Зошто е тоа така заслужува посебна анализа ...

No comments:

Blog Archive

Site Meter