Search This Blog

Thursday, December 21, 2006

ШЕРАТОН ХОТЕЛ - на местото на печатницта Гоце Делчев

Интересно ке биде да се следи оваа приказна ... која има своја дебела предисторија ...

Имено Вечер во написот: Шератон хотел во Скопје - пишува дека е продадено земјиштето на кое се наоѓа руинираната зграда на печатницата Гоце Делчев ... Новиот сопственик скопската фирма “Настел“ - планира на местото да гради хотел од рангот на Шератон - во комбинација со катна гаража ... Проектот бил готов а градбата ке била готова за 12 месеци ако немало проблеми ....

Е тука лежи зајакот ... Зградата на печатницата Гоце Делчев - некој како да ја

проколна ... стои онака избушена веќе неколку години и представува ругло во центарот заедно со зградата на Лотарија ... Ех, ех ... само тие да беа ... па ке се трпеше ... Руини низ центарот на Скопје колку сакаш ...

Туку печатницава ... па нели печатницата е под заштита на законот за заштита на споменици ... мислам дека тоа е главната причина што до сега не е срушена ... и како ли ке се изгради хотел од Шератон бренд и тоа со катна гаража до него или под него ...

Да се подсетиме зградата ја купи фирма оснивана од ВМРО-ДПМНЕ со цел да направи деловен објект ... но поради промена на законот - кој забрани политичките партии да имаат профитни центри ... печатницата се врати во владение на старата фирма која отиде во стечај ... и на крај е во состојба како од сликите погоре ... а се планира да биде како на сликите подоле ... :)

No comments:

Blog Archive

Site Meter