Search This Blog

Sunday, December 17, 2006

ПЕТАРДИ

Најпрвин морам да кажам дека сум страшен противник на петардите ... Се ближи нова година ... надвор се почесто се слушаат петарди ... иако морам да кажам дека од година на година ги има помалку...

Но, ... Вчера во Сабота одејки по своја работа на Битпазар ... сакајки да ја паркирам колата кај Театарот на народностите ... поминав низ шпалир од продавачи на петарди - цигари - и разни други дребулии ...

Изгледа местово на полицијата и е предалеку за да го контролира ... полициската станица е на само сто метри од местото ... Малку подолу од тука врие од продажба на мобилни ... Фискализацијата на битпазар - чинам ке биде тешка ... полесно Македонец на Месечината ке отиде ... :)

Но тука ми е зборот за петардите ... од сите видови и од сите големини ... ги има колку сакаш ... За мене секоја петарда е опасност од распрскувачки материјал - а го употрбуваат деца - кои можат да останат со трајни последици ...

Да се надеваме дека такви трајни последици (оштетување на око - слух - прсти ...) ке има помалку од минатата година ... а во идната година ке има помалку петарди во слободна продаја.

No comments:

Blog Archive

Site Meter