Search This Blog

Thursday, December 28, 2006

БЛОГЕРИ vs. МК НОВИНАРИ

Секаде во светот на Блогосферата најдобри блогери се Новинарите ... Кај нас јавно се знае дека само .анти - е успешен блогер и новинар ... Добро можеби има и некои други примери но мене не ми се познати ....

Во македонската блогосфера често се муабети и се префрлува на новинарите дека кога преземаат вести кои првпат се појавуваат по блоговите - македонските новинари не го наведуваат изворот ... Вакови примери има многу но најсвеж е примерот со написот во Вечер за Блогерот кој не плати карта заради тоа што не му дале фискална сметка ....

Македонската блогосфера реагираше за ова линк 1, 2, 3, ...

Јас барем имав представа дека МК Новинари не читаат МК блогови ... но еве пратејки ги вестите на добивањето на наградата на „Темплум“ за дебитантска книга доделена на Алекс Букарски - еден од најпознатите МК блогери .... приметив дека МК новинари и те како ја пратат МК блог сцена .... Во сите написи за овој настан линк 1, 2, 3, 4 ... се гледа дека МК новинари ја пратата блоосферата ... но прашање е дали ја есапат или можеби ја осеќаат како конкуренција ?!

Со овој пост истовремено му ја честитам престишната награда на Букарски - кој со ова стана дефинитивно писател.

No comments:

Blog Archive

Site Meter