Search This Blog

Tuesday, January 09, 2007

АТОМСКИ УДАР ВРЗ ИРАН

Кризата на блискиот исток минатите две години премина во критична фаза - со нападот на САД врз Ирак ... и секојдневното неконтролирано гинење на луѓе цивили во Ирак и гинење на огромен број на војници на САД ...

Имам впечаток дека САД одамна ке извршеа и ограничен напад над Иран - да не беше жешкиот отпор на Ирачаните - подпомогнати од терористичките организации на Алкаеда ... а финасирани и од Иран ...

Атомски удар од ограничен домен кон Иран - спрема и Израел - чива цел би биле нуклеарните постројки на Иран ...

Израел има искуство на уништување на вакви постројки ... Имено Израел уништи една ваква постројка во Ирак ... Во таа операција беше користена специјална акција на Израелската авијација - која летајки ниско над Тигар и Еуфрат - успеја да ја разори атомската постројка на Ирак ... Ирак имаше соборено еден израелски авион и за останките од тој авион беше изграден сопцијален музеј во Багдад ... каде се славеше соборувањето на Израелскиот авион ...

No comments:

Blog Archive

Site Meter