Search This Blog

Monday, January 22, 2007

ПДФ книги - на Македонски

Оние кои го читаат често мојот блог знаат дека одсекојпат сум се залагал за подигање на Интернет што повеќе Македонски содржини - од сите аспекти на општественото дејствување ...

Иако некои мислат дека не ги подржувам проектотите е-Влада (види го и линкот - ПРЕДЛОГ концепт e-влада ) или е-Собрание, е-Општина, е-ова/она, е-Општество ... се излажале ... јас само барам овие потрошени пари да не и служат на Владата само да се слика пред ТВ камерите со лаптопите упрчени пред нив ... туку проектите е-ова/она да се прават од аспект - на народот кој плаќа даноци и од овие е-ова/она да се добиват што повеќе електронски информации од кои граѓаниот лесно ке види како се носат одлуките во негово име ... и кои се одлуките воопто ...

Критиките за проектот на е-Влада и е-ова/она - најдобро ги наслика блогот Зомбификација © во постот -Килава Е-Влада - што е и мое мислење ...

Но да се вратам на темава на топикот - ПДФ книги - на Македонски ... ги има премалку ...

На сајтот на Градската библиотека “Браќа Миладиновци“ - Скопје на еден од линковите наречен е-книга - има дваесетина книги од македонски автори во ПДФ формат ... И јас и вие ке речеме дека е ова премалку - но секогаш долгиот пат почнува со првиот чекор ...

Ние сме мала нација и во денешно време потпората која се дава на авторите од Министерството за култура како помош при печатењето на книгите треба во голема мера да се насочи во е-книга на Македонски ... почнувајки од Македонските класици - па се до денешно време ... Кои се придобивките од ова и што тоа ке значи со оглед на проектот на Владата компјутер пред секое дете во образовниот систем на Македонија ... за ова нема потреба да зборувам ... но само едно ке кажам - ако нема македонски содржини во електронска форма тогаш високобуџетниот проект на Владата за компјутер за секој ученик губи дел од поентата ...

No comments:

Blog Archive

Site Meter