Search This Blog

Friday, February 16, 2007

БУГАРИЈА - уапси 11 лица за проневера на 7,5 милиони евра

Обвинителите во средата (14-ти февруари) објавија дека се уапсени 11 лица -- седум Бугари, двајца Германци и двајца швајцарски државјани -- во заедничката операција на агенциите за спроведување на законот на трите земји. Властите велат дека синџирот проневерил околу 7,5 милиони евра од програмата на ЕУ, САПАРД. Ова е последен ваков случај во кој се вклучени пари на ЕУ, пријавен од страна на Бугарија.

Во другите вести од средата, бугарскиот главен обвинител Борис Велчев побара од парламентот да го укине имунитетот на заменикот Тома Томов, член на владејачката Бугарска социјалистичка партија. Велчев сака да ги испита сомневањата за него за корупција и злоупотреба на функцијата, додека бил регионален обвинител на Орјахово. (Дневник, Сега - 15/02/07; Meдиапул -14/02/07)

Веста изворно ја преземав и ја реобјавив од тука.

No comments:

Blog Archive

Site Meter