Search This Blog

Thursday, February 22, 2007

ВМРО-ДПМНЕ и вработувањето ...

Programa 2006

Кликни на програмата за да ја прочиташ.

Неколку пати со свои коментари на мојот блог poinakov се трудеше да ја “амнестира“ владата на ВМРО-ДПМНЕ дека нема обврска да се грижи за вработувањето на народот - туку дека само треба да ствара услови да се зголемува вработувањето ... За ова народски се вели “Не по врат - по шија“ ...

“..Кај сакаш владата да отвора работни места..“

“..Таа треба да создаде услови за домашните и странските инвеститори да отвараат работни места..“

Незнам зошто некои луѓе сакаат да ја амнестираат владата - дека таа нема обврски да отвора нови работни места ...

Си велам тогаш на база на кои ветувања ВМРО-ДПМНЕ ги доби изборите – ако не ветиле нови вработувања и подобрување на животниот стандард ... и за да го проверам тоа го проверив она што е запишано во изборната програма на ВМРО-ДПМНЕ „Преродба во сто чекори“ ...

Без некој редослед еве што е напишано во „Преродба во сто чекори“ ... во врска со вработувањето ...

** Вработувањето е најважна работа за секој човек. Само вработени луѓе имаат надеж за подобар живот и насмевка на лицата, со радост размислуваат за брак, потомство, купување стан или автомобил ...

** Денес се смета дека најголемиот проблем со кој Македонија треба веднаш и одлучно да се справи е проблемот на огромната невработеност. Основи предуслови за намалување на невработеноста се заживување на економијата, влез на приватен домашен и странски капитал и секако вложување во квалитетна и едуцирана работна сила ...

** Цел: привремено решавање на невработеноста во најсиромашните 20 општини Целта е во текот на четири години да се креираат околу 2000 привремени работни места;

** Брзо и ефикасно исполнување на обврските од мислењето на ЕУ, во кое се наведени најважните проблеми со кои се соочува земјата во сите сектори и реформите што треба да се спроведат:

- Економски развој и намалување на невработеноста;

** .. Зајакнувањето на регионалната економска соработка ќе придонесе за подобрување на националната економија, за намалување на невработеноста, за поквалитетен животен стандард и за подобрување на конкурентноста на компаниите ..

** 1.2 Економски пресврт и намалување на невработеноста (посебна точка во програмата)

** .. едноставни и ниски даноци е еден од основните предуслови за економски напредок Даночното оптоварување на платите и на профитот во Република Македонија не соодветствува на потребата од радикално намалување на невработеноста и поттикнување на инвестициите ..

** .. вложувањата во инфраструктурата се од витално значење за намалување на невработеноста и сиромаштијата ..

** 6.2 Програма за активни политики (дадени се мерки за вработување)

Незнам зошто толку многу се загрижуваат луѓето кога некој ја критикува Владата ... ВМРО-ДПМНЕ вети дека дека ке работи на принципите на чесност, транспарентност и одговорност. ...

Понатака во програмата се вели: “..Ќе воведеме иновативен и ефикасен инструмент за подобрување на јавните услуги и борба против бирократијата и корупцијата: Граѓански дневник, кој успешно се применува во многу земји во светот Граѓаните ќе ја оценуваат работата ... Блоговите се нели лични дневници ...

И за крај на ова истражување во изборната програма на ВМРО-ДПМНЕ се вели:

“.. Ќе ја вратиме демократијата во нашата практика. Медиумите и граѓанскиот сектор ќе ги третираме како генератор на промената на прогресот и како фактор во функција на интересите на граѓаните

Тие, како и секој граѓанин на Македонија, ќе имаат целосна слобода на изразување на сопственото мислење Тоа подразбира и полно право на критика за работата на државните органи, истражување на настаните и достап до вистината и одговорност на носителите на јавни фунцкии навремено и коректно да ги информираат медиумите Критиката е коректор за работата на секоја влада и е здрава за општеството ...

1 comment:

Photo Volan said...

Се надевам дека членовите на ВМРО-ДПМНЕ ја читаат програмата ...

Од остварувањето на сопствената програме ке зависи - дали ке останат на власт на наредните избори ...

Blog Archive

Site Meter