Search This Blog

Saturday, March 03, 2007

УРИВАЊЕ НА МАКЕДОНСКИОТ НАЦИОНАЛЕН ИДЕНТИТЕТ

За процесот на создавање на Национален идентитет – со посебен осврт за создавањето на Македонскиот национален идентитет пишував во постот - НАЦИОНАЛЕН ИДЕНТИТЕТ ... и НАЦИЈА ...

За ОБЕЗЛИЧУВАЊЕТО НА НАЦИЈАТА - како светски процес ... Со посебен осврт на обезличувањето на Македонската Нација ... зборував на последниот линк ... но ке повторам дел и тука ...

Обезличувањето на определенувањето кон определена национална припадност - почнува заедно со процесот на создавањето на Нациите - во таканаречената романтичарска фаза во историјата во средниот век ... касен 18 и 19 век...

Луѓето одсекогаш имале потреба да се групираат ... најпрво во таканаречени чопори ... потоа племиња ...

Но како што се развивало општеството ... со индустриските револуции и развојот на комуникациите и инфраструктурата на патиштата луѓето ... владарите од тој 18 и 19 век ... оставале печат на новите територии со ширење на својата нација ... секако највеќе преку црквата - културата - јазикот - уметноста ...

Обезличувањетето на определена нација настанува во оној момент кога ке се измешаат интересните сфери и територии ... Кога две или повеќе држави покушаваат да преземат одредена територија ... тогаш се почнува да се напаѓаат определените елементи од одредената нападната нација ... јазик, вера, историски личности, начин на живот, националниот идентитет ...

Не треба да идеме далеку - обезличувањето на определена нација го имаме како школски пример на нашата територија ... каде се обезличува Македонската Нација - Името.

Јазикот со сите средства ни е нападнат од Бугарската пропаганда ...

Верата ни е нападната од србската пропаганда ... а во минатото оштри напади сме трпеле и од Грчката пропаганда ... па и Бугарската ... Ни сега не гледам дека нешто подзастанале пропагандите на Грчката и Бугарската Црква ... и сега тие притаено “чекаат“ како ке се развие - развива “спорот“ на Србската Црква и МПЦ ...

Историјата ни е нападната од Грчката пропаганда - а ништо покусо не е ни Бугарската пропаганда. Видете само какви сопки ни става Грчката држава ... Ембарго ... Отворено заговарање на поделба на сегашна Македонија (Мицотакис - Милошевиќ) ... Оспорување на Името ...

А територијата - во денешно време највеќе ја напаѓа Албанската пропаганда и држава ... преку спроведување на доктрина на “Призренската лига“ ... преку процесот на доминација со наталитетот ... преку процесот на “чистење“ на одредени територии ... национализам, сепаратизам, делумен фундаментализам и иридентизам ...

А за територијата на нашата држава настанале неколку војни таканаречени “Балкански“ ... каде учесници се Бугарија, Србија и Грција - а се замешуваат и големите сили ...

Во контекст на горниот текс е и анализата на Денко Малевски - Градење или уривање, тоа е дилемата на македонското национално единство денес ...

Тука смо ке пренесам кратки извадоци ... кој написот го започнува со тоа како дошол МК јазик во на европската карта на јазиците пред четриесет и три години ...

“.. Достигнувањето е дело на генерацијата наши претходници, родена во првите децении на дваесеттиот век, во Кралството на Србите, Хрватите и Словенците, подоцна Кралството Југославија. Изложена на српска асимилација, но свесна за својата посебност, младата генерација „јужносрбијанци“, го зграпчува историскиот момент на војни и револуции за да го прокламира раѓањето на македонската нација во рамките на федерацијата на јужнословенски народи..

.. Така, радикалниот дел од интелектуалната елита на еден народ разлеан по рабовите на три посилни балкански држави, ја создава сопствената нација. Се обистинуваат зборовите на Крсте Мисирков: „Не сме нација, но ќе станеме“!..“

“.. Меѓутоа, не гледаат сите на македонското минато, па оттаму и на сегашноста и на иднината, со вакви очи. Она што за некои е достигнување, за други се' уште е измама. Имено, во современата македонската демократија постојат политички опции кои на поновиот тек на нашата историја гледаат исклучиво како на комунистички заговор..

.. Разобличувањето на заговорот, пак, сметаат тие, одново ќе го сврти течението на историјата, во бугарска насока. Парадигма за ваквата политичка позиција кај Албанците е нивен политички водач кој изјавува дека не сака да ја земе одговорноста на себе за забрзување на текот на историјата, имплицирајќи дека точно знае каде таа ќе не' одведе. Парадигма за ваквата политичка позиција кај Македонците, пак, е политички водач со бугарско чувство, кој веќе стасал на „крајот на историјата“ и сега - ја чека нацијата да дојде таму!“..“

“.. Политичките опции чија цел е бришење на поновата македонска историја, засега, се раководат од начелото на „мирното решавање на историскиот спор“ преку унапредување на државата. Меѓутоа, во услови на загрозени позиции или променети меѓународни околности, тие би можеле да се определат за начелото: „што полошо, тоа подобро“. Имено, што полошо за државата, тоа подобро за крајната цел - отфрлање на „комунистичкиот заговор“ кој ја создал..“

“.. Градење или уривање, тоа, всушност, е дилемата на македонското национално единство денес..“

1 comment:

|BURGLAR| said...

Zal mi e sto na blog.com.mk namerno ili nenamerno ne im raboti sistemot za registracija pa nemozam da postiram tamu.
Vo sekoj slucaj gi procitav komentarite tamu i mislam deka premnogu se zamaraat so nesto sto nemozat da go promenat i dobijat.
Bugarija mi izgleda kako napalen pubertetlija za seks, a bugarite kako raka za masturbacija :)

Blog Archive

Site Meter