Search This Blog

Tuesday, March 13, 2007

Со синџир во одбрана на националниот идентитет ...

Италија одлучи да одстапи една слика - "Благовестие" на Леонардо да Винчи за изложба во Националниот музеј во Токио, Јапонија.

И покрај огромното обезбедување во форма на специјална заштита ... специјален авион ... огромна сума на осигурување - дел од италијаните не се сложуваат со одењето на сликата во Јапонија ... плашејки се со евентуалната загуба на сликата да не се изгуби дел од националниот идентитет на Италија ...

Италијански сенатор (Паоло Амато) вчера се врзал со синџири за портите на музејот "Уфици" во знак на протест против зајмувањето на сликата.

** "Благовестие" е едно од раните дела на Леонардо, била насликана меѓу 1472 и 1475 година, кога сликарот бил во раните 20-ти години од животот. Насликан е архангелот Габриел како и соопштува на Дева Марија дека е во благословена.

No comments:

Blog Archive

Site Meter