Search This Blog

Wednesday, March 14, 2007

ФИЛХАРМОНИЈА СО НОВА ЗГРАДА

40 години се чека на зграда на Македонската Филхармонија ... Просторот за зградата е одамна резервиран и веќе 40 години таму има маркица за зградата ... но пари и воља за изгадба никако да се најдат ... Циле вети дека од провизијата на Тајван која му “следувала“ ... дека ке ја изгради ... Тој беше предпоследниот “ветувач“, кој не го исполни ветувањето ...

Сегашната Влада во низата на проекти за култура ја најави и изградбата на зградата на Филхармонија ... Министерството за култура неодамна објави конкурс за идеен проект. На просторот меѓу Македонската опера и балет и Факултетот за музички уметности во Скопје треба да никне современа сала за симфониско концертирање која треба да биде готова до крајот на 2008 година. Архитекти од земјава и од странство имаат право да влезат во трката и да поднесуваат свои идејни решенија за новиот културен објект во кој, според плановите од Министерството, би требало да се смести нашата Филхармонија.

No comments:

Blog Archive

Site Meter