Search This Blog

Wednesday, March 21, 2007

ИГОР ЏАМБАЗОВ - Отец Бинго

Мислев дека ке биде многу полесно да направам - интернет портрет за македонскиот мултиталент Игор Џамбазов ...

Вообичаено портретите ги правам од она што ке пронајдам на интернет ... За Игор Џамбазов има огромен број на линкови и написи ... интересни стории и приказни ... но нема ниеден линк - интернет страна во која ке се следи развојот на неговата кариера како актер, пејач, музичар, режисер, писател на проза и поезија, ТВ водител и забавувач ...

Затоа ке се послужам со она што е во мојота глава како меморија за Игор Џамбазов ... Роден во фамилија каде е актер од трета генерација ... Дедо му е Петре Прличко - глумец и македонска легенда ... Мајка му е Анче Џамбазова ... а од таткому му ја наследува музичката жичка - диригентот Алејсандар Џамбазов ...

Уште од дете е во разни ТВ емисии и сериии ... филмови ... каде го кали занаетот на дедму и мајкаму ... по завршување на академијата за глума се вработува во МНТ - каде некогаш глумеа дедому и мајкаму ... Мултиталентот на Игор не го остава само во театарот каде бележи многу добри улоги во престави кои се играа со години на репертоарот - престави кои добиваа многу награди и признанија ...

Потрагата за нешто ново и интересно Игор Џамбазов - го тера да биде активен и на други полиња ... во областа на филмот - каде глуми во неколу филмови ... во музиката каде запловува во блуз водите ... станува режисер на многу спотови на познати македонски поп пеачи ... автор е на многу песни (музика, текст, аранжман ...) ... Еден е од првите ако не и најдобар ТВ водител со незаборавната “Дневна соба“ ...

Бидејки состојбота со платите во МНТ е долго време лоша - како впрочем и со платите на сите вработени во државниот сектор во Македонија ... Игор го користи талентот и како водител на неколку игри во среќа ... почнувајки со “Жандар збира“ - Огласник “М“ ... преку “Супер бинго“ со Тутун Промет ... и со “Наше Бинго“ на Лотарија на Македонија ...

Се опробува и на политичката сцена ... на двапати беше промотор на изборна кампања - на две големи политички партии ... а еднаш се обиде и самиот да се кандидира како независен пратеник со своја листа - за малку не успева ...

Игор Џамбазов е непосреден и срдачен во контактите со секој соговорник, новинар и случаен минувач (Игор национале...)... Можеби е единствен човек во Македонија кој ги знае сите македонски градови и села ... и тоа не само како имиња ... Често ги посетува малите градови и села низ Македониија од каде веројатно црпи енергијата, мотивацијата и инспиацијата за своите творби ...

Игор Џамбазов во животот го пратат многу пороци ... често пороците го враќаат назад ... така е и последниот случај ... неколкумесечно исчезнување од јавноста - каде веројатно бегајки од стварноста и од самиот себе - ги полни батериите за нови идеии ... По последното враќање издава книга "Гол човек" - која беше најпродавана и начитана книга за таа година и го започнува проектот со Лотарија на Македонија “Наше бинго“ ...

Отец Бинго му е прекор - даден од пријателите - кога новинарите истражувајки каде е Игор велеа дека е во манастир ...

Во продолжение ке надополнам со она што поинтересно како напис го пронајдов на интернет а се однесува за Игор Џамазов ... во коментарите ...

No comments:

Blog Archive

Site Meter