Search This Blog

Thursday, March 29, 2007

РАБОТА – Македонски синдром ...

Никако да тргне од мртва точка со вработувањето во Македонија и со зголемувањето на платите на оние кои работат - за да можат со платата што ја заработуват да имаат сигурна егзистенција ... Бидејки денеска и оние кои работат со платата што ја заработуваат не можат да ги покријат сите трошоци ... храна ... облека ... комуналии ... и други трошоци да на ги набројувам - па мора да се “снаоѓаат“ ... Некои се снаоѓаат со тоа што бараат и примат мито ... пет до 300 евра мито е редовна пракса во јавните служби ... царина ... државна администрација ... судство ... здравство ... школство ... факултети ... ако не ке се скапеш од чекање ... некои работат по нивите ...

Од друга страна имаме ситуација кога оној кој работи има филозофија - никојпат неможе толку малку да ме платат колку што можам - малку да работам ... Кога ке се направи пресврт во процесите ... ??!

Порено јас кога бев дете - популарно беше - “учи сине - за да не работиш тешка работа“ ... Но џабе беше тоа .... Мамини и татини синови ги земаа најубавите работни места и никој ништо не им можеше на таквите “татини и мамини“ синови ... Но барем имаше повеќе работа - иако и тогаш дури со две плати некако се крпеше живеачката ... а стан сам да купиш беше мислена именка ... сонот завржуваше со купување на Фиќо и одење на таканаречен “патлиџан“ туризам во Грција, Бугарија и на “Наше море“ ... на Црногорското де ...

Денеска е нова мода кај младите - ке завршат со школтвото и велат - “... не само што нема работа - туку и несакам за работам за а речеме 10.000 денари ... тоа не ми е доволно ... и седат дома и чекаат родителите да ги ги финасираат ... а тие немаат во својата работна книшка ни ден стаж иако навлегуваат во 35 - тата година од живото ... Стварање фамилија - мисловна именка ... Се повеќе младите решението на проблемот го гледаат во бегање од Македонија ... Канада, Австралија, Нов Зеланд, работа на бродови, работа на платформи за нафта ... работа во кризните региони ... Ирак,Авганистан и незнам каде се ...

На Македонското стопанство никако да му тргне со зголемување на запослувањето - сеуште имаме негативен тренд во запослувањето се зголемува од година на година ... Платите на вработените оние кои успеваат да ги земат се “смрзнати“ а цените на парното , струјата, телефонот се флотирачки ... се зголемуваат ... Политичарите не замајуваат со разни ветувања кои после неможат да ги исполнат ... Меѓународната заедница ни врти грб и ни бара стандарди ... И така доаѓаме до ситуација која јас ја нареков “Затвор Македонија“ ...

До кога ке моше да издржи Македонецот ...

Целта на постот ми беше да свртам внимание дека ... младиот македонец не е заинтересиран да си најде работа ... затоа што од платите кои би ги примал во Македонија не може да остварува егзистенција ...

А оние кои што работат ... работата не ја исвршуваат професионално ... туку да речеме понеделникот го користат за да раскажат како си поминале на викендот ... кафе мафе и слично ... а во петокот бегаат порано дома за да бидат одморни за вечерното излегување или спремање за очекуваниот викенд провод ...

Во една посета во Канада кај братучедми кој е забар и има своја забна ординација ... симптоматично ми беше што си легнуваше секојпат во 22 часот навечер ... ке се извинеше и ке отидеше да се одмори утре за да биде свеж за работа ... Го посетив на работа и бев присутен кога на својата вработена, која се прозеваше на работа и рече ... Оди дома да се одмориш ... а ако уште еднаш дојдеш ненаспана - немој воопшто повеќе да доаѓаш на работа ...

Македонецот несме ни да умре ... неговите нема да имат пари да го испратат соодветно ...

No comments:

Blog Archive

Site Meter