Search This Blog

Friday, March 30, 2007

СЕ БАРА

Заради издржување на правосилни пресуди во Македонија - Македонската полиција има список од скоро илјада луѓе кои се бараат со полициска потерница ...

Меѓу нив од скоро се и Ексдиректорката на скопскиот Катастар, Татјана Митровска, и поранешниот прв човек на ЕСМ, Ламбе Арнаудов ...

Денешен Утрински има напис - Полицијата бара помош од граѓаните за да ги уапси Митровска и Арнаудов ...

**
Нивното неапсење немало никаква политичка заднина, тврдат во МВР.
** За тоа време Арнаудов се шета и пие кафе во центарот на Скопје, а Митровска културно одбива да и' влезе во очи на јавноста.
** „Митровска и Арнаудов се само двајца од илјадата на листата на барани со потерница и ние воопшто не правиме класификација околу редоследот на постапувањето. За нас сите се исти и штом ќе ги лоцираме, веднаш ќе ги уапсиме, без разлика дали се бараат за убиство, кражби или нешто трето“
** Ламбе Арнаудов често може да се види и во Скопје и во неговиот Охрид, а наводно минатата недела во едно од кафулињата во центарот на Скопје пиел кафе со еден од главните луѓе во МВР?! ...
** „Ако некој ги види Арнаудов или Митровска, нека ни сигнализира веднаш“, велат во МВР ...
** ... Агим Красниќи, кој беше достапен за сите, освен за полицијата ...

Ова е сериозно обвинување на македонски медиум дека има луѓе во Македонија кои се бараат по потерници но на мистериозни начини не се достапни на полицијата ...

Скокнав на сајтот на МВР за да видам кој се е баран со потерница ... На листата има само шеесетина луѓе кои се бараат со потерница ... Каде се оние до 1000 ?! ... Или оваа е само листа на најбарани криминалци ... Во листата ги нема ниту дваицата од написот на Утрински ...

Инаку од овие шеесетина луѓе кои се на листата на МВР нивната национална структура - судејки према имињата ... скоро 90 проценти се лица од албанска националност ...

No comments:

Blog Archive

Site Meter