Search This Blog

Monday, March 19, 2007

НСДП - позиција или опозиција ??!

Што е НСДП во ова влада ... позиција или опозиција ... Уште со самото формирањена оваа влада - коалицијата на НСДП како лева партија - со типично десна партија ВМРО-ДПМНЕ беше неприродна ... и многумина уште тогаш (меѓу нив и мојата маленкос ...) прогнозираа дека или НСДП во одредено време по истокот на третата година од мандатот на оваа влада ке истапи од коалицијата .... за да се спреми за нови избори ... или далеку пред тоа самата ВМРО-ДПМНЕ ке поработи на нова структура на поделба и определба на претенците во собранието на Македонија ...

Тито Петковски искочи во јавноста - дека не е задоволен од постигнатото од оваа влада .... највеќе во две свери:
- во сверата на зголеменото вработување - каде нема резуслтати и
- во сверата на странски директни инвестиции - каде имавме многу ветувања - но резултати истотака нема ...

Па се прашувам сега - како што настапува Тито Петковски во јавност ... како опозиција или сеуште е позиција ...

Ако е позиција нека работи во Владата, а од јавноста нека ја трпи критиката ... Не е сега време на избори ... сега се бараат резултати и исполнување на ветувањата од оние кои го имаат мнозинството ...

Се чини дека позицијата на НСДП во владата е многу лабава ...
- Од една страна е отворениот конфликт на ДПА и НСДП (кадрите ...)
- Перманентно се работи на правење на нов расорд на силите во парламентот ...
- Упорно се тарашкаше во коалицијата на ДУИ и ПДП ... која чинам е пред распад ... и се назира конечно влегување на ДПА во владината коалиција ...
- Од друга страна ВМРО-Народна ... е во перманентно вриење ... Веќе се деси и почетен раскол (јудата кој предаде една друга партија - сега ја предаде и ВМРО-Народна ...) ... Еден пратеник се одцепи од групата и стана “независен“ ... Се најавува и очекува уште подлабок раскол во ВМРО-Народна ... и преминување во редовите на ВМРО-ДПМНЕ ... пред се кај пратениците ... советници ... градоначалници и други кадри на ВМРО-Народна ... кои поведени од стабилноста на Груевски брзо ке поминат во ВМРО-ДПМНЕ ...

No comments:

Blog Archive

Site Meter