Search This Blog

Sunday, April 01, 2007

МАКЕДОНСКА КУЛТУРНА РИЗНИЦА

Се работи за ЦД ром во кој е представена Македонската културна ризница ...

Ризницата на културното наследство на Македонија, создавана во текот на праисторијата, антиката, ранотохристијанство, средновековната и подоцнежната епоха, сe до почетокот на минатото столетие, опфаќа голем број на споменици кои припаѓаат на различни историски епохи и ги одразуваат плодните творечки идеи на поднебјето и разновидните стилско-ликовни концепти и трендови.

По своите архитектонски карактеристики и специфики и по ликовните квалитети и дострели, византиските, поствизантиските, исламските и спомениците од периодот на преродбата, припаѓаат на општото културно милје на балканскиот простор и сведочат за драгоцениот придонес на македонската територија во формирањето на единствениот уметнички трезор на Југоисточна Европа.

Начините на уметничко и духовното изразување на македонскиот простор кој низ вековите се профилирале преку поединечни техники на творење дали преку живописување, резбарење, иконописување, градителствување или пак на некој друг вид на креирање, некогаш во поголема или помала мера, повеќе успешно или не, но секогаш го одавале печатот на македонскиот гениј, кој, и во најтешки моменти на својата историја со несмалена желба и умешност го создал она што ние денеска го нарекуваме МАКЕДОНСКА КУЛТУРНА РИЗНИЦА.

http://www.kalamus.com.mk/Images/cdrom/MKR/naslovna/04_G.jpg

К А Л А М У С
адреса: ул. "Партениј Зографски" 3б
1000 Скопје, Македонија
тел:+389 02 32 111 38; 27 35 031; 070 50 98 56
www.kalamus.com.mk
К А Л А М У С
© Copyright 2006

1 comment:

Photo Volan said...

ЦД-РОМ ВО ИЗДАНИЕ НА "КАЛАМУС"
Македонија - трезор на културното наследство
Вест-Година: 7 Број:2035 Сабота 3/31/2007

** Накит, архитектура, скулптура, мозаик, исламска уметност и уште многу теми, разработени во детали, од праисторијата, антиката, па до 20 век, подготвени од тим од над 20 стручни соработници, деновиве може да се најде на ЦД РОМ-от, “Македонска ризница” во издание на мултимедијалната издавачка куќа “Каламус”.

** Богатиот материјал од културното наследство на Македонија е поделен по теми, а не по периоди, така што, како што вели авторот на проектот, историчарот на уметност Дарко Николовски, со овој четврти проект на “Каламус” тие сакаат да ја покажат својата сериозност во работата во современите медиуми, но и можностите што технологијата ги дава, за да може секој современ консумент да се доближи до научните сознанија за културното наследство на Македонија.

** ЦД-РОМ-от дава богат преглед на културно-историското наследство и во него се претставени над 400 локалитети, има над 3.000 илустрации, 150 колажи, од кои се добива репрезент за нашата јавност каде што Македонија е претставена како единствен уметнички трезор во Југоисточна Европа.

Blog Archive

Site Meter