Search This Blog

Sunday, April 01, 2007

Зошто сеуште сме - визно гето за ЕУ ...

Во еден мој пост македонија ја нареков “затвор и визно гето на еу“ ...

Кој уствари тоа не држи во визното гето ... т.е кои се причините за визната изолација ... Од што тоа ЕУ земјите стравуваат ...

На дел од овие прашања најдов одговор во денешниот напис на Дневник - КАКО ГОЛЕМИТЕ ЗЕМЈИ ЈА ГЛЕДААТ МАКЕДОНИЈА-Упатствата за туристите говорат повеќе од амбасадорите ...

** САД, Велика Британија, Канада и Австралија ги предупредуваат своите државјани кога патуваат во Македонија да бидат внимателни поради опасност од
- терористички акции,
- етнички конфликти,
- масовни демонстрации и
- кражби на кредитни картички и на пасоши.

** Можни се бомбашки напади и вооружени инциденти во скопски Бит- пазар и во населбата Чаир. Избегнувајте политички протести бидејќи многу лесно тие може да преминат во насилнички акти.“ Ова се само мал дел од предупредувањата на британската влада до своите граѓани.

** Предупредување за кражбите на лични документи има и владата на Австралија. - Според неа, австралиските државјани, кога патуваат во Македонија, треба да направат по две копии на пасошите, авиобилетите и на други лични документи.

** И австралиската и британската влада особено ги предупредуваат своите државјани дека кај нас е раширен криминалот со кредитни картички.

** Владата на Канада предупредува на можни инциденти при посетите на Тетово, Гостивар и во делови од Куманово и во Скопје. Според анализата, треба особено да се внимава на аеродромот и во скопскиот Градски трговски центар зашто туристите лесно може да станат жртва на џебни кражби. Од почесниот конзулат на Канада во Македонија објаснуваат дека ваквите предупредувања се прават еднаш годишно во соработка со поголемите амбасади во државата. - Предупредувањата за туристите од Канада, кои се однесуваат на одреден дел од Македонија, не се забрана за патување. Станува збор за предупредување за туристите да бидат внимателни кога патуваат во некои од градовите во Македонија.

** Македонија е светски лидер по бројот на жртви во сообраќајни несреќи во текот на една година, оценува американскиот Стејт департмент, кој редовно ја критикува сообраќајната култура во нашата земја. Според нивната анализа, во Македонија просечно гинат по 7,8 учесници во сообраќајот на еден милион извозени километри. Американските експерти велат дека за да се вози безбедно во Македонија се потребни одлични возачки способности.

Занчи да не се залажуваме и да си признаеме сите ... осем големата сиромаштија која владее во Македонија ... нашите Албански браќа т.е. албанското национално малцинство е главниот кривец што Македонија е во визното гето ... Во истата каша е и Србија ... и Црна Гора ...

Blog Archive

Site Meter