Search This Blog

Sunday, April 08, 2007

ФОКУС и МК Блогосфера

По написот на Ванковска за Македонската блогосфера - каде ценетата професорка за МК Блогери и блогосферата ке каже:
** Кога ќе погледнете пошироко по блогосферата, наоѓате лепеза од ликови ( со прекари ) кои меѓусебе дебатираат на најразлични теми, но за да дојдете до брилијантните одблесоци и способноста на критичкиот ум, потребна ви е голема доза трпеливост да копате по калта на меѓусебните пцости, кочоперења, навреди, сленг – за евентуално да дојдете до поентата.
**
Нашата македонска блогосфера е минијатурна, ...
** З
апрепастува еден друг факт: како се има толку време за трошење енергија на непродуктивен начин?
**
чудното бегство од стварноста, затворањето во еден виртуелен свет, кој дава бескрајни можности да се празните, да полемизирате, да се претставувате како некој ( подобар ) друг – а сето тоа да нема ама баш никаков ефект на средината во која живеете!
**
Блогосферата може да биде вежбанка за демократски јавен и отворен дискурс, но ми се чини опасна ако стане цел за себе.

Оваој напис на Ванковска наиде на ѓон во МК блогосфера и верувам дека проф. Ванковска до сега се покајала за написот ...

Имаено блогерите во своја одбрана напраавија цели анализи (бесплатно ... и без кајче ...) за да и покажат на проф.Ванковска дека не прочитално оволно голем примерок од блогосферата за да носи заклучоци какви што искажала во поменатиот напис ...

Вообичаено се отвори дискусија на неколку блога - но највеќе на блогот на - КНИСИС - во пстот - Блогирањето не е залудно потрошено време 19 Март, 2007 - 20:11 ... Во дискусијата се вклучија:

- кнсис ... блогосферата е најдоброто нешто што се случило на македонската демократска сцена по којзнае колку време. ... Нејзиното појавување беше вистинска демократска инјекција во затворената политичка сцена во Македонија, каде што царуваа(т) корумпирани и одродени политичари, „фабрички“ креатори на јавното мислење, самопрогласени интелектуалци и тајна полициска мрежа, ... гласот на „обичните“ не можеше да дојде до израз од наместените избори и наместените анкети. ... блоговите се лесен, бесплатен и квалитетен ( горе-долу ) начин на здобивање информации, знаење, ставови. ... на блоговите има повеќе интелектални дебати отколку што има на сите семинари на МАНУ, универзитетите и другите научни институции. ... блоговите не се бегство од реалноста. Тоа е онаа реалност која надоаѓа.
- RIBARO ... Jurak ot Petrof ...
- oksimoron ... се прашувам од каде на Ванковска толку време за трошење на непродуктивен начин - критикувајќи ја блогосферата?! Smiling
Нема ли идеа за попродуктивно (исплатливо) канализирање на сопствената плукачка енергија? Веројатно ја плаќаат за пишувањето на колумните, но - постигнува ли некаков ефект во насока на менување на средината во која живее (пишувајќи за виртуелноста)? Sticking out tongue Smiling
- волан ... Македонската научна и политичка јавност се љубоморни на блогерите ...
- Бунка ... encyclopedia… ... Jakov ...
- vesna007 ... Мислам дека блогосферата е баш приказ на реалноста, и навистина воведува демократичност.
- Panta Rei ... наместо да се гледа моменталната состојба, треба да се гледа потенцијалот на блогосферата како огромен медиум за размена на мислења и инстант комуникација.
-
Сатаниел ... Ефектот не е директна акција, ами бавна, болно бавна, промена на свеста кај мал процент од населението кое може да си дозволи Интернет.
- Shepard ... ванковска лани имаше друг став - дека блогосферата е многу моќно орудие.
- dzam ... Ванковска не ја сработила домашната задача со написот. Изгенерализирала преку примерот на Букарски.
- VUJKO-VLADIKA ... прво реагирате со суета а потоа прпелкате на темата ШТО НАВИСТИНА РЕКЛА Биљана Ванковска
- кнсис ... Билјана Ванковска и со ваков став ( а не се согласував со неа и за бојкотот на гласањето ) е сепак еден од најдобрите интелектуалци во Македонија. Е и еден од најдобрите колумнисти во Македонија.
- Alex_Bukarski ... Букарски го има доволно на блогосферата, ама Ванковска не ебате. така што таа поентира, не јас, не ти, не баба ти, ама како ја усравте со сева ваша оваа “конструктивност“, упикување, “извините професорке, ние блогерите??? вредни деца, не денгубиме, не никако, го МЕНУВАМЕ СВЕТОТ!“ просто не можам да поверувам!!! ... Ванковска која грабала со две раце општествени титули, докторати, курци, палци, додека во некоја Хрватска, Србија, се треселе какви, такви дисиденти? таа, сега од позиција на удобена професорица на Универзитетот - Големиот Инкубатор на СВЕТИОТ МЕДИОКРИТЕТ, чкрапа колумничиња во десничарскиот печат за да им укаже на политичките елити - дека и фали местенце? фотељче? ... сака трошка талентот на блогосферата да прди како неа на дневополитичкиот пролив, ха! Еј, замислете Ванковска ни се потсмева и ни вика “алтернативни сте, затворени, отсечени“ а што ако сме избрале да бидеме такви? па што? мисли ли во својата “интелектуална“ глава дека блогот засекогаш ќе остане интелектуално/креативно автономен во сооднос на било каква центрирана медиумска контрола? а???
- mkhere ...
- komunikacii ... Веднаш да кажам дека за ликот и делото на проф. Ванковска не сум запознем многу, но дали таа е запознаена со она што го пишува е вистинкото прашање? ... дали МБЗ е нешто што може да се генерализира? дали воопшто било која локална или каква и да е друга блогосфера може да се генерализира? ... дали знае како се креира блогосферата, воопшто? ... дали знаат денешниве интелектуали дека помина времето кога ти знаеа се` и имаа загарантирано право да знаат се? ...дали може да се стекне доверба и може да се процени збор на човек веднаш штом ќе се запознае или за тоа треба време, интеракција, искуство?

Дискусија имаше и на блогот на RIBARO на постот - Билјана Ванковска ... 20 Март, 2007 - 05:06 ... Околу двојните аршини на нашите политичари е банално да се дискутира, но кога таквата појава ќе го зарази и оној интелектуален капацитет кој (треба) претставува главен коректор на политиката и е одраз на интелектуалната сила на државата, е тогаш мора да се алармира дека нешто е ептен труло во Државата ни Македонска. ... Секогаш можете да се извините професорке, ние овде практицираме и да простуваме.

И тука се поведе дискусија во која учествуваа многу блогери: VUJKO-VLADIKA ...
- istok ...
интелектуалците кај нас се некоја аморфна категорија која сеуште завзема страна под притисокот на разни предрасуди, трули принципи и некакви па скоро апсурдни морално-етички норми, оптоварени со традиционалните стеги (чест на исклучоци).
ова е место кај што е невозможно да постојат авторитети и ако не може некој да се помири со тоа, тогаш подобро и да не “троши време“
- oksimoron ... Ние егзистираме во витруелноста зашто реалноста ни е пребукирана од луѓе кои сал зборат, а не слушаат. И, тоа е наш избор. Наш начин да кажеме што имаме за кажување. Е сега, сакаат да ни го омаловажат и тоа.
- Hammer ... Ванковска одувек ми била многу сомнителна, суетна жена, која знае само да критикува, да дели лекции.
- Natka ... Можеби треба човек да има блог, за да научи/види/разбере како изгледа тоа, да бидеш овде, во овој "чуден" свет. Smiling
- Jakov ... Дури и самата (Ванковска) би станала блогерка, само и само кога би имала солидно информатичко познавање, кога не би имала толкави црвени нокти кои и се заглавуваат во тастатурата и само и само кога не би имала рачно плетено миленце на мониторот.
- RIBARO ... Ванковска нема никаков морален кредибилитет (со оглед на фактото дека има два аршина во временски интервал од неполни 6 месеци) да ја суди и генерализира македонската блогосфера... тоа е толку јасно погоре објаснето!
- lucija ... што се однесува до слободното време,откако дигнав раце од конкурирање за работа и одење на дебилни интервјуа,го имам на претек,па јас како и секој друг бирам каде и како ќе го трошам... Бегањето во виртуелниот свет,значи дека не ни чини овој другиот.
- DUKI ... Daljinsko ... Jurak ot Petrof ...
-
Емил ... Блогосферата се преполни со junk блогови, кои непотребно трошат енергија.
- Караџа Бошко ... Аман бе колега воа филозофиве само филозофирате! По што навреден колегата возвратил: Да бе колега, па вие од ОНО само онанирате!
- Бунка ... нашите медиумски извикани интелектуалци и академици(со на една рака изброени исклучоци) ги опишав како ноеви кој постојано и постојано си купуваат песок во кој ќе ја закопуваат нивната глава се подлабоко, додека живи не се закопаат...најтрагично е што се мазохисти, сами се закопуваат.
- Вклучи се ... Идеата на блогерај ги надминува интелектуалние размислувања на колумнистите ... Ударите врз блогерај се всушност бумеранг за тие шо напаѓаат ... а напаѓаат колумнисти од весници ... Зошто? Бидејки ја сваќаат идеата дека ја губат битката! ...
- волан ... Lavot ... katika ... значи Ванковска откачила а....климактериум би можело да биде...
- Tetoviran ...

RIBARO ... пратил допис до Фокус - кој е објавен во рубликата писма ... и се разбира за тоа пишал пост - Блогосферата возвраќа? ... 3 Април, 2007 - 13:46 ... Го испратив, за да не мислат дека блогосферата е некоја затворена комуна која си прави и си ги решава проблемите сама со себе или пак некаква андерграунд сцена која постои независно од случувањата во опшеството ... Чувството на ментална онанија е погубно за нашиов медиум и ние мора да се бориме за експанзија на слободната мисла која извира од блогосферата. ... потребна е афирмација на блогот како медиум за да текот на слободната мисла допре до многу поширок аудиториум. ...

И на овој пост има занимливи комемтари:
- Вклучи се ... блогосферата ... во секој случај е Андерграунд ...
- KIMI s ... Jurak ot Petrof ... 21 век бре луѓе, какви хипици, каков Андерграунд - СВЕ ЈЕ МЕЈНСТРИМинг!
- dr. Max ... Lavot ... kicevcanec ... Аминта ... Да не стане само блогосверава прибежиште за пропаднати политичари кои не можат да дојдат до колумна а другите медиуму не им се прикладни за “мачкање очи“ на јавноста.

За написот на Ванковска пишуваа и други блогери ...
- dzam ... Блогот не е река ... 20 Март, 2007 - 14:47
- Јуракот ... или збор-два за гомната што плутаат наоколу ... 16 Март, 2007 - 01:05
- VUJKO-VLADIKA ... МРЗЕЛИВИ БЛОГЕРИ или ПОВРЕДЕНИ СУЕТИ?!? ... 20 Март, 2007 - 14:16

Веројатно пишал и некој друг кој не сум го приметил ... Но и ова е доволна за Проф. Ванковска да сфати со кого и со што си има работа ... Ако прочитала де ... Може и двојка да ни напрви ...

Но Фокоус од написот на Ванковска не ја испушта од жижа МК Блогосфера ... и во последниот број 614 од 6 Април 2007 - на неколку места го спомнува блогот а дава и една централна сторија со наслов - Сајбер заканувачот на Фокус имал поголем црн список . За ова веќе пишуваа неколку блогери меѓу кои и блогот на jadiburek ... Фокус и Теодорс - некој наебал ... 30 Март, 2007 - 21:23

Имено тука се изнесува дека еден од блогерите безброј пати се заканувал на новинарите на Фокус ... како и на многу други луѓе од блогосферата ... Фатен е инфлагранти - додуше и со помош на друг блогер ... и ке биде интересно да се следи првиот случај на злоупотреба на интернетот како медиум ... т.е. ке биде интересно да се види дали македонската држава поседува техники методи и знаење да докаже кога некој го злоупотребува интернетот ...

За крај морам да кажам дека Фокус со последните неколку броја страшно многу ја изпопуларизира МК блогосфера ... Навистина и двата написа се со негативно пишување за тоа што представува во моментот МК блогосфера ... но знаете како велат ... Позади добриот коњ се крева прашина ... Има и една друга подобро е да пишуваат и лошо за тебе отколку ништо да не пишуваат ... тоа додуше важи за таблоидите и таблоидните личности ...

МК блогосфера иако во одреден дел личи понекојпат на таблоид .... сепак е многу посериозна работа ... Не случајно Блогот е светски процес на ослободување и демокаратизирање на јавноста - поради неизмерниот капацитет ... Верувам дека сега дури и на Проф. Ванковска и стана јано. Само е прашање на време кога тоа професорката ке го признае ...

Доволно ке биде Професорката да зирне по линковите на учесниците на оваа демократска расправа - која се покрена како последица од нејзиниот напис ... а тоа е само капка во морето кое се полни со нови Блогови и Блогери - како да е погодено од катаклизмичното затоплување на планетата ...

2 comments:

Anonymous said...

Клку што папата ќе признае дека е грешен, толку и ванковска јавно ќе напиуше дека ја цапнала шарката со текстот за македонската блог популација...а уште помалку дека можеби и било кажано да напише на таа тема (зашто очигледно ѕирнала по правилото -да помине да замине да не влезе-)па начкрабала онака како таа ја замислува блогосферата.

Anonymous said...

Вопрос:   Я очень хочу пообщаться с уравновешенной девушкой. Времени после занятий совсем не хватает, а в свободные дни часто необходимо тоже  заканчивать дела. На улице знакомиться не удобно.  Пока что на сайтах нахожу  обычно проституток. Посоветуйте что-нибудь, пожалуйста. Наперед большое спасибо ..

Blog Archive

Site Meter