Search This Blog

Sunday, April 15, 2007

ГЕНИЈАЛНОСТА НА ШПИЦ

Шпиц пред десетина дена - до повеќе Блогери упати меил допис со кој бараше согласност да објавува некој текст од блоговите - кој по наоѓање на Шпиц е интересен да се објави во нивниот весник ... Мислам дека на сите блогери им импонираше што реномиран дневен весник ги уврстил во група на блогови - кои имаат шанса да бидат читани и преку Шпиц ...

Колку знам сите блогери кои беа запрашани - се согласија да одстапат дел од своите текстови ... Троица блогери го условија објавувањето на нивни текстови со Линкување на изворот ...

Ова се случуваше пред десетина дена - и до денеска немав приметено дека некој текст во Шпиц е преземен од некој Блогер ...

Денеска пријатно се изненадив што - пронајдов напис во Шпиц број 266, 14.04.2007 ... Генијалност ... И непријатно се изненадив што убавиот текст на oksimoron не е подпишан од авторот ... ниту со никот на блогот - ниту со името на авторот ... Еве го постот на oksimoron - кој е пренесен во Шпиц Генијалност - 9 Април, 2007 - 21:39

Ако знае некој дека има уште некој друг текст - од Блогер, објавен од Шпиц нека стави линк во коментарите од постов.

No comments:

Blog Archive

Site Meter