Search This Blog

Thursday, April 26, 2007

ВЛАДАТА - решила да се справи со своеволието на МТ

На Владата и пукна филм со нередот што го прави МТ со интерконекцијата ... и реши драконски да го смени Законот за Телекомуникации - во делот за казните, за непочитување на одлуките на АЕК за интерконекција ... Имено до сега казните беа преблаги за непочитување ... само прекршочни и парични ... а сега со измените се предвидени и затворски казни и кривични пријави ...

Владата решила да се справи со своеволието на МТ ...

**Затворска казна од една до пет години му се заканува на директорот на „Македонски телекомуникации“, Атила Сендреи, ако не ги намали цените за приклучување на мрежата на телекомот што ја плаќаат другите телефонски оператори.
** Овој потег на Владата - следува по одбивањето на „Македонски телекомуникации“ да го спроведат во пракса решението на Агенцијата за електронски комуникации со кој цените за интерконекција требаше да се намалат за 300 отсто.
** Дека телефонирањето во земјава е луксуз, покажуваат податоците оти плаќаме најскапи телефонски услуги во регионот ако се спореди односот помеѓу цената на разговорите и бруто-домашниот производ за жител.
** Конкурентните оператори на телекомот се најзасегнати од непочитувањето на решението на Агенцијата бидејќи телекомот за минута разговор им наплатува 1,7 денар, а не 0,55 денари.
** Агенцијата за електронски комуникации веќе покрена прекршочна постапка пред судот против телекомот зашто не го спроведуваат решението со кое му наложија да ја измени референтната понуда за интерконекција.
** Според важечкиот закон, компанијата и директорот Сендреи може да добијат забрана за работа од шест месеци до три години и парична казна од дваесетина милиони евра.

No comments:

Blog Archive

Site Meter