Search This Blog

Wednesday, April 11, 2007

„Зајди, зајди“ ... МК блогери и интернет страници VS. МК печатени медиуми

Во последните десетина дена пред очите на македонската јавност се одигра едно своевидно македонско блог истражувачко новинарство ... во врска со крадењето на македонската музика за потребите на холивудската блокбастер продукција ...

Имено некој ја пушти бувата - веста дека американски блокбастер „300 Спартанци“ поточно во саундтракот за овој филм, композиторот Тајлер Бејст, ја потпиша музиката, во интрото на песната „ Message For The Queen“ користи цитат од „Зајди, зајди“. Чујте. ... Makedonska Narodna - Zajdi, zajdi jasno sonce.mp3

Како сето ова почна и кој се учествуваше во своевидното блог-истражувачко новинарство ...
-
Земјата на убавата песна ... број 1037, 11.04.2007 ... Време

- Интернет-војна за „Зајди, зајди“ ... 11.04.2007 :: Бр. 13470 ... Време
- Филмот 300 нема да го гледаме во кино ... 11.04.2007 :: Бр. 13470 ... Вечер
- Зар поединецот автор не е народ?! ... среда, 11.04.2007 во 15:25 ... planet blog
- Триста чуда: рекапитулација за аферата со „Зајди зајди“ ... 10 април 2007 ... Развигор ;-)
- 300 ... 10.04.2007 :: Бр. 13469 ... Вечер
- Некои.... 8 Април, 2007 - 20:36 ... babamitrajanka.blog.com.mk
-
Истрага 300: На авторот му е смешано во главата ... 04.04.2007 ... Он.нет
- а никој не ја знае.... вторник, април 03, 2007 ... macedoniania blog
- 300 ... 2 Април, 2007 - 23:24 ... kicevo.blog.com.mk
-
Испизден сум ... 2007-04-02 ... planet blog
- Вистинската опасност во случајот со „Зајди зајди“ и „Триста“ ... 02 април 2007 ... Развигор ;-)
- У триста... Требало да кажат дека е македонска народна! ... 02 април 2007 ... Развигор ;-)
- Пиратите од Вардарската долина ... вторник, 03.04.2007 во 14:39 ... planet blog
- 300 Спартанци или 300 Пирати? ... 2007-04-01 ... Jazol.blog.com.mk
-
ХОЛИВУД ЈА ПИРАТИРА МАКЕДОНИЈА!!! ... 2007-03-29 ... kicevo.blog.com.mk
- За Сариевски, дел 2 ... 2007-03-28 ... planet blog
- Моите 2 ноти за Сариевски и 300 ... среда, 28.03.2007 во 17:48... blog.gemidjy
-
Плагијат на Зајди, зајди во филм за Спартанците ... 2007-03-28 ... MMM
- Ах, 300, арамии ... 2007-03-27 ... blog.gemidjy
- Холивуд ја пиратира Македонија! ... 27.03.2007 ... Он.нет
-
300 ЗАЈДИСОНЦА!!! ... 2007-03-23 ... sloboda.blog.com.mk
- 300 зајдисонца! ... 2007-03-23 ... robotvampir.blog.com.mk
-
300 Зајдисонца ... 2007-03-23 ... tv-setonblue.blog.com.mk
- „Зајди, зајди јасно сонце“ во филмот 300? ... 21 March, 2007, 02:51 ... www.365.com.mk

Пред некое време имавме ситуација кога Есма го обвинуваше Борат ... за кражба на нејзина авторска музика ... а сега имаме нов заплет на слична тема ...

Целава горна анализа како одеше веста е со цел - да кажам дека како и во многу други случаи се зголемува улогата на Блогот и Интернетот како медиум во македонската јавна сцена ... Имено ке видите од горните линкови ... колку долго време одредена вест се врти низ блог и интернет сцената пред да стаса во таканаречените пишани медиуми ... Пишаните медиуми во овој случај признаа дека веста дојде од македонските блогери и интернет страници ... но по своја стара вообичаена пракса не ги наведоа конкретните блогери кои се занимаваа со тематиката ....

Зошто сеуште е тоа така ... Зарем Пишаните медиуми во МК сеуште го осеќаат интернетот и Блогот за конкуренција ... Зошто не линкуваат ... ??!

No comments:

Blog Archive

Site Meter