Search This Blog

Sunday, May 13, 2007

Струмин Гроб & Синтезис

Караванот на Синтезис“ - вчера беше на Струмин Гроб. Не видов дека некој Стумичанец пиша нешто по блоговите. Јас бев спречен оваа сабота да ги пратам „Синтезис“. Одгледав еден ТВ прилог на А1. Подолу ке ви прикажам некоја фотка од тој прилог.

Што е Струмин Гроб ... што представува за да го привлече вниманието на организаторите на концертите на Синтезис - да го уврстат Струмин гроб во листата ...

Мојот извор како и секојпат до сега Интернетот не дава многу податоци за Стумин гроб ... Но сепак најдов нешто и туке ке го споделам со вас.

Ако до неодамна беше привилегија само за жителите од селото Баница, гробот на средновековната убавица Струма, според чие име е можно Струмица да го добила името, се повеќе сега го привлекува вниманието на почитувачите на културното наследство, станувајќи туристичка атракција, поради близината со манастирите во Вељуса и Водоча.

Струмин гроб е гроб од 9 слоеви делкан бигор и има мавзолееен изглед. Висок е 230 см, широк е 240, а долг е 400 см. За него е поврзана легенда за девојката Струма, ќерка на заповедник на Словените во Струмичко, која се вљубила во византиски војник и ги предала неосвоивите Цареви кули. Затоа таа била проколната од татка си и струмичани, кога ќе почине, девет пати земјата да не ја прими во неа.

Во популаризацијата, се вклучи култната група „Синтезис“ ... ги збуни жителите на селото ...но нив и пошироката јавност го потсети на локалитетот со историско значење.

Струмин гроб. На патот од Струмица кон с. Вељуса, десно од патот, се наоѓа Струмин гроб, правоаголна ѕидана гробница со наизменично редење на камен и тули, во стилот на средновековна гробница. Постојат две легенди поврзани со оваа гробница. Според едната, во неа почива Струма, сестрата на Крале Марко. Според другата, таа е на Персеј, од времето на Александар Македонски.


Средновековен гроб, се наоѓа на 3 км западно од Струмица, во близина на с.Баница. Гробот има мавзолеен изглед и се состои од 9 слоеви делкан бигор. Гробот е висок 230 см, широк 240 см и долг 400 см. За настанувањето на гробот кај народот постојат три легенди:
1. Дека гробницата припаѓала на Струма, сестра на кралот Марко.
2. Дека гробницата припаѓала на Персеј, принц - роднина на Александар Македонски.
3. Дека гробницата припаѓала на Струма, ќерка на некој заповедник на Словените на Струмичката област.

Последната легенда вели дека градот бил опсаден од силна византиска војска, која долго време не успевала да го освои градот. Тогаш се случило предавството на Струма, која била вљубена во византискиот војсководач и му ја открила тајната за неосвоивите Цареви Кули. Тајната се состоела во тоа да потковиците на коњите им бидат заковани наопаку. Со тоа коњите лесно се искачиле по стрмните карпи кон тврдината. Византијците ја освоиле тврдината, а таткото ја проколнал ќерка си: кога ќе умре земјата девет пати да ја исфрла од земја. Деветте слоеви делкан бигор легендата ги поврзува со деветте исфрлања и погребувања на Струма. Но, дали една од овие легенди е точна или гробот си има своја сосема друга историја, не се знае.

Деновиве беше промовиран проектот: “Струмин гроб„ во с. Баница финансиран од ФИООМ. Со овој проект беше уреден просторот околу локалитетот Струмин гроб, потоа на правецот од Струмица кон с. Баница се поставија патокази, а на локалитетот е поставена и информативна табла со легендата за Струма.

СТРУМИЦА КРСТЕНА ПО ВЉУБЕНА ПРЕДАВНИЧКА
Град на љубовта и предавството

Вест - 01/06/2006 ...
Ване Трајков

Висока, стројна, со крупни очи и руса коса, така струмичани ја опишуваат убавата мома Струма по која се верува дека градот Струмица го добил името. Гробот што се наоѓа во непосредна близина на селото Баница и денеска сведочи за легендата за убавата Струма која го предала својот татко заради љубовта кон еден од војсководците кои сакале да го потчинат нејзиниот народ. Заради тоа што го изневерила татка си, предавајќи го на својот љубовник, легендата вели дека вљубената девојка била проколната кога ќе умре 9 пати земјата да ја исфрла и деветпати да биде закопувана.
Легендата с? уште не е докажана ниту пак е потврдено дека во гробот кај селото Баница е закопана убавата Струма. Гробот и натаму е мистерија за археолозите и историчарите. За струмичани, пак, тоа што гробот се состои од 9 слоеви од делкан камен и бигор е потврда на преданието за фрлената клетва на убавата мома, која го жртвувала таткото во име на љубовта.
Гробот во кој се тврди дека лежи убавата Струма се смета дека потекнува од средниот век. Тој се наоѓа на 3 километри западно од Струмица во близина на селото Баница. Висок е 230, широк 240, а долг 400 сантиметри и има мавзолеен изглед.
Спред легендата, градот на Струма бил под опсада од силна византиска војска која неколку месеци не успевала да ја освои тврдината - Цареви кули. Убавата Струма постојано се шетала на својот бел коњ и случајно се сретнала со еден млад византиски војсководец во кој се вљубила на прв поглед. Занесена од убавината на војсководецот, Струма му ја открила тајната како војниците на нејзиниот сакан да се качат до неосвоивите Цареви кули. "Потковиците на коњите заковајте ги наопаку за да можат полесно да се качат до тврдината", му рекла Струма. Византијците ја послушале, со нивните коњи лесно се искачиле по стрмните падини и ги освоиле Царевите кули. Откако татко ? дознал дека нејзината ќерка го предала заради нејзината љубов кон војсководецот, на умирање ја проколнал: "Кога ќе умреш, земјата деветпати да те исфрли од гробот".
За настанувањето на гробот во селото Баница меѓу народот постојат уште две легенди. Првата е дека гробницата припаѓала на Струма, сестра на кралот Марко, а другата дека е на принцот Персеј, роднина на Александар Македонски. За историчарите, сепак, најуверлива е легендата дека гробот ? припаѓа на убавата Струма, ќерка на некој заповедник на Словените кои биле концентрирани околу Царевите кули.
"Легендата за Струма е прекрасна и за струмичани е многу значајна. Струма на некој начин е парадигма за љубовта и предавството кога се работи за овој регион", вели археологот Зоран Рујак кој смета дека гробот во селото Баница ги има сите елементи од легендата, но тврди дека по начинот на изградбата на овој гроб можно е да припаѓал и на турски поглавар од средновековниот период. Тоа го поткрепиле и археолошките истражувања извршени во 1983 година кога овде се пронајдени остатоци од гробови од исламскиот период.
"Иако се уште не е докажано, можно е гробот да е на некојси верски водач или поглавар на исламската заедница", додава Рујак. Тој смета дека се уште нема цврсти докази дали името на Струмица доаѓа по убавата Струма или по словенското племе кое се населило долж реката која, исто така, го носи името Струма.
Историчарот Аце Стојанов не верува дека Струмица го добила името по убавата Струма која го предала својот татко, туку по словенското племе струмјани кое се населило на овие простори.
,,Вообичаено легендите не содејствуваат со историската вистина, бидејќи кога се ставаат на судот на историјата податоците честопати не се совпаѓаат", вели Стојанов. Тој иако се трудел да дојде до какви било пишани податоци за легендата за Струма во тоа не успеал. Не успеал ништо да дознае ни за мистеријата на гробот во кој жителите од Баница, пак, веруваат дека е погребана ќерка на некојси цар која се вљубила во Турчин и го предала својот народ.
"Како и да е, сите легенди упатуваат на чинот на љубов и предавство на некоја девојка од овие простори", подвлекува историчарот Стојанов, член на здружението "Аквила Ауреа Македоника".
Струмин гроб е изработен од големи блокови од камен и бигор, тули и варовен малтер и е поставен во правецот север - југ, веднаш до селото Баница.
Жителите од селото, бидејќи се работело за гроб на предавничка не му обрнувале многу внимание. Гробот почнал постепено да се распаѓа, но благодарение на здружението "Аквила Ауреа Македоника" тој е реконструиран.
Според историчарот Аце Стојанов, облагородувањето на Струмин гроб е направено од две причини: за да живее и понатаму легендата за Струма, но и да се збогати туристичката понуда во Струмичко, бидејќи Струмин гроб се наоѓа меѓу Царевите кули и манастирските комплекси во Водоча и Велјуса.

Во Струмица, на улица - интересен напис на Шпиц за Струмица ...

Image0512-1918(A1)[5].jpg Image0512-1918(A1)[8].jpgImage0512-1919(A1).jpgImage0512-1919(A1)[4].jpg
Strumin grob - Sintezis.jpg

No comments:

Blog Archive

Site Meter