Search This Blog

Monday, May 28, 2007

ЕТНИЧКО ЧИСТЕЊЕ ... Ethnic cleansing

Како сите да заборавија на **етничкото чистење во Македонија во последнот воен судир - Македонци VS. Албанци ... (фингиран ли беше - што ли беше) ... Дали етничкото чистење беше опфатено со амнестијата ??? ... Не сум баш сигурен ... Препрочитајте го постот АЛБАНСКА КАУЗА ...

Албанизацијата на Косово и делови од Македонија е јасно зацртана со Призренската лига и некои соопштенија на Албанскиата Академија на Науки ... Верските објекти Џамиите - послужија како места во кои се “индоктринираше“ албанската популација како ке се води специјалната војна на гетоизација ... етничка омраза ... до етничко чистење ...

Бидејки со години полека но сигурно се менуваше етничката структура на населението во тие територии - Албанците почнаа полека но сигурно да бараат не “малцински“ туку “мнозински права“ ... Се обединуваат во “идејата за самостојност“ до независност ...

Ова обилно го помага и Албанската заедница која во меѓувреме се вработи во Западноевропските држави и САД ... Тие имаа обврска да плаќаат по 10 проценти или некој сличен процент од својата плата за помош на идејата за стварање на “Голема Албанија“ ...

Во сета оваа криза свои пресметки и фактури меѓусобно си испоставуваат големите светски сили ... а “бурето барут“ е во перманентна спремност за експлозија ...

На рака на оваа идеја се одвиваше и процес на формирање на таканаречената “Албанска Мафија“ - која во Европа и САД завзема врвни места и е една од најјаките и најорганизираните . Имено Албанската мафија исто даде огромни финасии за процесот на “Гетоизација на Косово и Западна Македонија - до одцепување“ ... Сето ова Европските држави го посматраа како неми посматрачи како да не се одвива во срцето на Европа. Ги боли само кога ке се случи нешто во нивните држави ...

На сето ова оди на рака и политиката на САД - која си има свои планови за регионот ... Во неминовниот процес на правење на јака заедничка ЕУ држава - САД гледа опасност дека ке ја изгуби доминантната улога на единствената сведска сила ... САД несака ни во сон да замисли да ја види ЕУ цврсто обединета - па ако во тоа интегрирање се додаде и Русија и евентуално Турција .... тоа неминовно ке значи крај на доминацијата на САД како единствена светска сила ...

САД е свесна дека не може тотално да го одстрани процесот на ЕУ интеграцијата и затоа со “вклучувањето“ во малите кризи на Балканот гледа шанса да остане присутна екстериторијално во самата ЕУ ... Бара место за својата армија - од каде ке има место за брзи интервенции ... САД сега највиќе делува во НАТО кој е во криза и е во процес на распаѓање ... причините за формирање на НАТО одамна престанаа и сега се бара нова задача за НАТО во таканареченото решавање на проблемот на светскиот тероризам - кој истотака е во експанзија ...

Сите како да не советуваат да зажмуриме ... да си простиме ... да си подадеме рака ...

Но како да подадеш рака на некој кој сеуште си го тера планот ... Арачиновци кои несакаат да се вратат во своите домови ... неможат никако да ја убедат јавноста дека се исплашени за животите за себе и за своите деца и дека е тоа тивко, па и не баш така тивко етничко чистење на територија ... и тоа на населено место кое е во состав на градот Скопје ...

Дури и мртвите - православци, се непожелни за Арачиновци ... Скрнавењето на гробиштата е еден од честите таканаречени меки методи на етничко чистење - кое се комбинира и со други средства ... “свадби“ ... малтретирање на деца од одредена нација ... кражби и палења ... отворено заплашување ... и многу други методи ... громогласно одјекнување на оџата во 5 сабајле ...

Брњарчани немаат дерман од комшиите Арачиновци ... имено гробиштата на Брњарчани се граничат со Арачиново ... и се честа мета на оргијање на “Албанските Орли“ ...

До кога бе ... !!
Ке ги заштити ли некој !? ... има ли надлежни за вакви работи во државата ни !?

** Етнико чистење е процес во кој со употреба на сила се елиминира непожелнота нација - или религија ... “Чистењето“ - може да се представува како:
- размена на луѓе ...
- масовно преселување ...
- депортација ...
- заплашување со разни методи на притисок ... (милом и силом ...)
- физичко истребување - убивање ...
Во потесна смисла со поимот Етничко чистење се подразбира “чистење“ на територија од определена нација ...

- Etničko čišćenje ... Ethnische Säuberung ... Ethnic cleansing ... Limpieza étnica ... Nettoyage ethnique ... Этнические чистки ... Етничко чишћење ... Etnik temizlik ... Czystka etniczna ...

- Makedonija ... Македония ... Makedonien ... Μακεδονία ... Makedonie ... Macedonia ... Macédoine ... Makedonya …

- Makedonci ... Albanci ... etnicka omraza ... Golema Albanija ... Prizrenska liga ... Aracinovo ... Aračinovo ... Haraçinës ... Брњарци ... Brnjarci ...

No comments:

Blog Archive

Site Meter