Search This Blog

Wednesday, June 13, 2007

ЦРНА ЛИСТА

Популарноста на црните листи во Македонија е евидентна ... Црнила и Црни листи постојат во многу тефтери ... Ние како држава одавна сме ставени на Црна листа на чекање за прием пред портите на ЕУ ...

- Во тефтерите на политичките партии ... се прават Црни листи на фирми и личности со кои треба да се пресмета партијата кога ке дојде на власт ...
-
Во тефтерите на Полицијата има Црни листи ... лица кои се гонат со потоерници ...
-
Во главата на гласачот стално се обновуваат Црни листи на Партии и личности за кои нема да гласа на следните избори ... ако воопшто се одлучи да гласа ...
- Во тефтерите на професорите има црни листи на одделни ученици и студенти ...
- Во банкарските тефтери ... каде се води листа на луѓе кои не си ги плаќаат кредитите ...
- Во мафиашките тефтери се вода Црна листа на луѓе кои не плаќаат или заборавиле да платат “заштита“ ...
- Во тефтерите на амбасадите имаме Црни листи за непожелни граѓани ... персони нон грати ....

Се сеќавате на црната листа на Американската амбасада која направи листа на корупциски скандали во државата ни ... за кои се води или треба да се поведе судска постапка ...

Е на некоја мудра глава во ЕУ сега и текнало да ја советува Македонија во борбата за корупција да направи Црна листа на сите нерешени корупциски случаи во Македонија ...

- Сите нерешени корупциски случаи во Македонија да бидат објавени на „црна листа“.
- Кривична и политичка одговорност за несовесните трошаџии на државните пари кои склучиле незаконски финансиски зделки, строга контрола на јавните набавки, зајакнување на внатрешните ревизии, компетентен правосуден систем, забрзување на судските постапки.
- Ова се некои од препораките кои на Македонија и' ги сугерира Европската комисија за во иднина да постигне успех во борбата против корупцијата и да се одлепи од дното на листата со најразвиените земји со корупција.
- Ова на адреса на одговорните структури во Македонија вчера им го порача потпретседателот на Европската комисија, Сим Калас, од дводневниот форум на шефовите на врховните ревизорски институции на земјите-кандидати и потенцијални кандидати што се одржа во Скопје.

Да видиме дали ке се прекрши правилото дека “..Врана врани очи не вади ..“

- Crna lista ... korupcija ...

No comments:

Blog Archive

Site Meter