Search This Blog

Tuesday, July 17, 2007

е-Собрание

Kolaz - sednica na parlament so brdo materijali ... (Large).jpg

Не, не ми цел да видам кој е присутен а кој не ја одработува платата во Собранието ... иако една невладина организација направи и таква сериозна статистика ... Не ми е цел и да видам кој како се облекува во Собранието сега и да ги споредам со првото Собрание на РМ ... каде пратениците одеа со џемперчиња плетени од мама ... сега евидентни се модните ревии во Собранието ... Не ми е ни цел да Ви кажам кој се исчешлал а кој не ... кој додека седи во собранието се чеша кај што не е за чешање на јавно место ... Друга ми е поентата ...

Велат една фотографија е подобра од милион зборови ... :) Јас направив колаж од фотографии за јавно да прашам ... Фотографиите се разбира не се мои ... Фото-кепчер на ТВ пренос па фотошоп ...

По големата реклама што ја прави Владата за своето работење дали и Собранието реши да се рекламира дека спијат во Собранието за да ги сработат работите и да си ја одработт платата ...

Колку пари се трошат за овие тони материјали кој никој не ги чита ... Не ме чуди во новиот деловник да се ограничи бројот на доставените амандмани на некој текст ... Демек партија има право на само 25 амандмани а пратеник лично само на три ...

И така и така владиното мнозинство никојпат не ги прифаќа амандманите и сето е само игра - времето да помине и малку реклама партиска да се направи ... мускули демократски да се покажат ... Имаше еден пратеник во првото собрание кој беше стручњак за амандмани ...

Милион амандмани со копјутерско менување на точка, запирка, нов ред и слични досетки ... Ова е блокада на собраниското работење ...

Од друга страна чул ли некој - дека се измислил компјутер ... па нели за сите ученици и струденти купуваме компјутри ... Па Собранието не ли направи пресметка - дека е полесно (поефино де ... заедно со потребната обука за користење ... која и така џабе ке ја направи фирмата која ке ги продаде лаптопите ...) по еден лаптоп да купи и да ги тргне овие брда материјали кои никој не ги чита ... Профит прават книжарите и производителите на опрема за фотокопирање ... Собранието стана најголема штампарија во државата ... Што шума се исече за да тука лежи мртво слово на хартија - што би рекол некој поетси де ...

По е-Влада еве имаме и е-Собрание ...

- e-Sobranie ...

No comments:

Blog Archive

Site Meter