Search This Blog

Saturday, July 21, 2007

ПРОБИШТИП - минеролошка збирка

За Пробиштип како град - кој ја дели судбината на сите рударски градови во светот ... (бурно да се развива додека трајат ископувањата ... а споро да умира - но да умира ... по престанување на работата на рудникот ...) пишував во постот за ПРОБИШТИП ...

Во посета на Пробиштип бевме за да ја видиме големата Минеролошка збирка која е поставена во Домот на културата во Пробиштип ... Љубезни домаќини ни беа Роца Николовска - Директор и Кустосот на Музејот (името покасно ке го едитирам...)

Mineroloska zbirka - muzej Probistip - kolaz 1 (Large).jpg

Осоговието е познато по големите рудни наоѓалишта од предисторијата до денеска ... Особено е богато со олавноцинковата руда и со благородните метали ... но најбогата е со минерали ... кои се и најмалку користени до сега ... На времето имаше истражувања за нафтените шкрилци - енергенс кој во една фаза се користеше за производство на електрична енергија ... Најголемиот оџак во Злетово е всушност термоцентрала, која користела како гориво нафтени шкрилци ... кои се покажаа како неодржлива инвестиција и термоцентралата брзо се затворла ... Незнам што е останато од неа, но можеби може да работи на природен гас ... можеби ...

Mineroloska zbirka - muzej Probistip - kolaz 2 (Large).jpg

Значи црпењето на рудата е евидентирано уште во времето на Римјаните - втори век ... најпознат е секако рудникот “Добрево“ ... оловно цинкова руда воглавном ... Близу е и рудникот Саса во Каменица ... источно Осговски масив со оловно цинкова руда ... Рудата се вадела јамски значи подземно и има ходници и до 600 и 700 метри под земја ... Сите витрини од првиот колаж се минерали на оловоцинкова руда од рудникот Добрево и другите рудници од околината ... галенит, сидерит, свалерит и други ... посветкавите се оние со олово ... потемните се со цинк ... поретки минерали се ... андезитот ... иридиум ... кварц ... Дрвените алатки се од 15 век ... Водено стакло едно време беше популарно во Македонија ... водено стакло - детергенти прашоци ... вулкански топки од околината на Добрево ....

На горниот и долниот колаж има примероци од кожени торби од овча и говедска кожа ... со кои првобитно се вадела рудата ... 15 до 17 век ... Торбите од кожа биле потребни поради тежината на рудата ... олово ... Рударското знаме се чува со посебен пиетет покрај богот на рударите “Херакле“ ...

Mineroloska zbirka - muzej Probistip - kolaz 3 (Large).jpg

На последниот слајд во влезот на минеролошката и етнолошката збирка има голем питос за храна (кој покажува дека околината има и археолошки локалитети) ... видов и два воденички камења ... Осоговијата има неколку мајдани за воденечки камења ... од кои еден е во близината на Манастирот во Лесново ...

- Probistip ... minerali ...

No comments:

Blog Archive

Site Meter