Search This Blog

Monday, July 30, 2007

АНГЛИСКИ - втор мајчин јазик ... (втор дел ...)

Шпиц во саботното издание во изборот на написи од блогосферата го ставил и мојот напис: АНГЛИСКИ - втор мајчин јазик ... Не го барајте написот на интернет - го има само во печатеното издание ... Шпиц штеди на простор на интернет :) ...

Напис како напис. Во повеќе наврати трубам дека ангажираните родители за своите деца плаќаат скапи курсеви за учење на јазик и во поново време компјутери - за да ги направат спремни своите деца да имат неопходни знаења да комуницираат со светото ... Претрпев голема критика од блог пријателот Звер ..., кој во својот пост - АНГЛИСКИОТ - МАЈЧИН!?! ... nein, danke!...non, merci! ... не, благодарам! ... ме искритикува за ставот ...

Сега вака, формулацијата “Англиски јазик како втор мајчин“ - секако не подразбира дека ние треба да се откажеме од нашиот мајчин јазик ... Го изгубиме ли јазикот - ке ја изгубиме и нацијата (главен дел за да има одредена нација е мајчиниот јазик ... затоа и толку се трудат бугарите да не ни го признаат нашиот мајчин јазик - македоскиот ...) . Во постот поентата е дека Англиски треба да се знае доволно добро - одлично де, за да имаме лесна и брза комуникација со светот ... економија ... Сакале ние или не сакале Англискиот јазик победува во трката за доминација на јазиците ... Стотици мали јазици се осудени на пропаст во наредните сто години ...

Идејата ми е да бидеме први во регионот кои ке му дадеме “рамноправност“ на Англискиот со Македоскиот јазик ... барем во нешто прогресивно да сме први ...

- Angliski ...

1 comment:

Anonymous said...

Во право си 100%. Но има луѓе кои резонираат - нека ми гарантираат работа па ќе учам јазик и компјутери.

Blog Archive

Site Meter