Search This Blog

Saturday, July 21, 2007

НАКОЛНА НАСЕЛБА - музеј на вода Охрид Градиште ...

Охридскиот археолог Паско Кузман, директор на Управата за заштита на културното наследство има чаробна моќ да го убеди Премиерот на Владата на РМ - Господинот Груевски во неколку проекти од кои некои се фундаментали ... коштаат по неколку милиона евра ... Вакви грандиозни археолошки истражувања како на Кале и на Плаошник не се видени во Македонија ...

Паско успеја да го убеди Премиерот да направи мини изложба на оригинални артефакти - кои времено ги распореди пред Владата ... се со цел да се покаже на светот дека и ние - го имаме правото на користење на името Македонија ... За тоа веќе пишував ...

Паско Кузман е љубител на подводната археологија ... и често беше гледан како нурка близу таканаречениот Залив на коските, кај кампот „Градиште“ ... Тука на Паско му се роди идеја дека е добро да се направи “Музеј на вода“ ... т.е. да реконструира неколку наколни куќи во кои ке ги врати сите антиквитети кои со години ги вади од дното на езерото ... претежно грнчарија ... И за овој проект го убеди Премиерот ... кој за почеток го подржа со 500.000 евра ...

За тие пари Паско вeќе обзбеди доволно граѓа од блиското Кичево ...

- На 2.000 колци, долги 6 метри, забиени во дното на Охридското Езеро ќе биде поставена дрвената платформа на која ќе биде изграден музејот на вода, во Заливот на коските, кај кампот „Градиште“.

- Изградбата на музејската атракција под отворено небо треба да заврши за две години.
- Сега се распишува меѓународен јавен конкурс за да се пронајде фирма што располага со опрема што ќе може да го подобри квалитетот на дрвото.

- Во минатото имало најмногу 24 куќи. Седум се доволно за да му покажеме на светот како изгледала таа населба и како се живеело во тоа време. Сите предмети, најмногу грнчарија, што сме ги нашле за време на подводните истражувања, ќе ги вратиме во куќите. Тие ќе имаат ентериер, огниште, рогозина за спиење. Ќе наредиме разни грнчиња, некои ќе бидат обесени на кожички. Така планираме да го презентираме музејот на вода - објаснува Кузман.
- Кај Градиште од јужната страна е до три метри длабоко. Ние работевме на 5 метри длабочина, таму се сите неолитски колци. Околу еден метар од секое дрво ќе биде набиено во вода, три метри ќе бидат во вода и уште два метра над вода. Така ќе може да направиме платформа, на која ќе ги изградиме куќите. Сето тоа со дрвен мост ќе биде поврзано со копното. Мостот ќе биде подвижен, како во минатото. Ноќе мостот ќе се крева.
Така населбата ќе биде издвоена од копното - објаснува Кузман.
- Во музејскиот комплекс ќе биде вклучена и тврдината на ридот Градиште. Локалитетот треба да биде истражен, конзервиран и надграден, за да се гледа. Патеката што ќе се спушта од ридот ќе влегува во праисториската населба.
- Но, пред да се влезе во градот од бронзено време, мора да се изгради некаков пристапен објект, во кој ќе има две канцеларии за луѓето што ќе работат таму. Туристите треба да влезат во објект во кој ќе може да седнат, да се одморат, да се напијат кафе, да си купат некој сувенир. Таму ќе може да седат, да уживаат во погледот кон езерото и музејот на вода. Но, ако сакаат да појдат на платформата, ќе мора да си купат билет кога ќе поминуваат низ дрвената капија - објаснува Кузман
.

- nakolna naselba ... muzej na voda ... Ohrid ... Gradiste ...

No comments:

Blog Archive

Site Meter