Search This Blog

Friday, August 31, 2007

133 пратеници

Влада пушта пробни балони преку својот Портпарол за зголемувањето на бројот на Пратениците од сегашните 120 на 133. Со оваа бројка - бројот е во рамките на уставниот број на Пратеници ... По Уставот Собранието може да брои 140 Пратеници ...

Ке се формираат нови три изборни единици во дијаспората ... една Америчка ... друга Европска ... и трета Австралија ... по едно пратеничко место ...

Останатите десет се предвидени за загарантирани места на етничките заедници .... 4 за Турците ... 2 за Ромите 2 за Србите 1 за Бошњаците и едно за најмалите етнички заедници ...

Со ова ВМРО-ДПМНЕ сака да оствари уште едно свое ветување од предизборието - да се вклучи дијаспората во МК избори ... СДСМ - начелно како да се сложува а ЛДП и ДУИ се против ...

No comments:

Blog Archive

Site Meter