Search This Blog

Wednesday, August 08, 2007

Интернет & Елтон Џон

Постојат луѓе кои се зависни од техниката и новите технички справи .. компјутери ... интернет ... мобилни ... и-подови ... телевизија ... радио ... Меѓу тие луѓе кои се зависни од новите Геџети се вбројувам и себеси ... Дел од овие справи се средства за комуникација а друг дел се средства за забава ... трети служат за бизнис потреби ...

Копјутерите и интернетот (пред тоа телевизијата ...) земаат огромна количина на време од нашите животи ... башка што ствараат и зависност ... затоа мора да се најде мерка на нивно користење ... И Бил Гејтс го мери времето на своите деца колку време да седат пред компјутер и да користат интернет ...

Елтон Џон изјавува дека го мрази интернетот и дека ке покрена акција тој да биде “уништен“ ... Го мрази интернетот затоашто ја уништува добрата музика ... До парите е значи ... Демек колку пари толку музика ... Тој уствари ги мрзи сите нови технички помагала ... затоа што сите тие допринесуваат луѓето да не се дружат фејс то фејс ... Тука е во право ...

Но компјутерите и интернетот се глобално добро и единствена нова индустриска револуција што се случува во последните 20 години ... враќање нема ... А контролата на користењето и балансот мора секој човек да ја направи сам за себе и својата фамилија ... мислам на децата ...

- Internet ... Elton Dzon ...

No comments:

Blog Archive

Site Meter