Search This Blog

Monday, August 06, 2007

СОЛОПРОМ ... SOLOPROM

Кој и што се/е “Солопром

Солопром е пионир во снабдување на градот Скопје со репроматеријали за столарски работи.

- 15.10.1991 - Основана, отпочнува со работа
- Дистрибутивен центар во Бутел 1
- Први - нов концепт на македонскиот пазар “еден добавувач - се на едно место”
- Промоција на нови - непознати производи и производители на македонскиот пазар
- Почеток со услуги на доработка - кроење
- Промена на сопственичката структура, согласно новите финансиски вложувања, тројца содружници
- Изградба на нов магацин од 1000 м2
- Набавка на нови машини и почеток со услуги на ABS кантирање
- Зголемување на асортиманот на преку 3000 артикли - од вкупно 16 реномирани европски производители 2002
- Прв носител на Златен Мост во новата категорија - за најдобра понуда на репроматеријали за мебел
- Повторување на успехот од претходниот саем со освојување на “ Сребрен Мост”
- Започнување со реализација на новиот проект - Централен Дистрибутивен Центар
- Отпочнување со работа на ЦДЦ

Со Солопром е многу лесно да бидеш современ мајстор столар ... да правиш намештај сам - со помош на стручни совети на вработените во Солопром ... намештај за својот дом ... едноставно и лесно ... имаш потреба од мебел ... појди во Солопром да направите решение за вашиот “проблем“ ... се што ке ти треба потоа е да го заштрафиш мебелот дома и во стилот на “сам свој мајстор“ ... “уради сам“ т.е. “направи сам“ ... намештајот е готов ... Задоволството на творење на намештај по дома е огромно ... кујна, спална, дневна по твој вкус и по мерка на твојот кутак ... стан - куќа сеедно ... Бираш материјал боја ... комбинација на бои ... форма ... дизајн ... се зависи од твојата потреба и машта ... И канцелариски намештај е истотака лесно да направиш ... и најефтино ... и пак по мерка на твојот офис ... продавница ... деловен објект ... кафеана ...

Во продолжение ке пробам да Ви го представам кој и што се Солопром преставувајки го нивниот сајт ... користејки неколку мои фотографии и обилно користејки го нивниот сајт ... :


- Плочи од иверки
1. Водего
2. Лесна
3. Кроно
4. Суровински
5. Фурнирани

- Оков за производство на мебел
1. Основен
2. Технички
3. Декоративен

- Плотни и крила
Ламинатни крила,кујнски и канцелариски плотни и ѕидни облоги

1. Ламинатни крила
2. Кујнски плотни 3см
3. Кујнски плотни 4см
4. Агол за кујна
5. Ѕидни облоги
6. Канцелариски плотни

- Медијапан - МДФ
Под МДФ - плочи (Medium density fiberboard), се подразбираат плочи влакнатици со волумна маса од од 400 - 800 кг/м³,кои се призведени по сува постапка. МДФ плочите се употребуваат секаде каде што се употребуваат плочите од иверки, со таа разлика од претходните што МДФ плочите имаат подобар квалитет.
1. Суровински МДФ
2. Еднострано бел МДФ
3. Двострано бел МДФ
4. Црн МДФ
5. Фурниран МДФ
6. Flex - МДФ

- Лесонит HDF плоча 3,2мм
1. Оплеменет
2. Неоплеменет

- Други видови плочи
1. ОСБ
2. ОСБ Н+Ф
3. Шперплоча
4. ФЛАКС - ленена плоча

- Кант траки - Хранипекс
1. АБС траки
2. Самолепливи траки
3. Фурнир траки
4. Дизајнирани траки

- ФРАНКЕ ....
Кујната е ликот на секој модерен дом. Затоа ФРАНКЕ ја комбинира функционалноста со висока естетика. Важејќи за универзален лидер во технологијата и истражувањето, ФРАНКЕ гарантира и нуди материјали кои овозможуваат долготрајност на нашите производи.
1. Мијалници
2. Батерии за кујни
3. Машини за садови
4. Кујнски додатоци
5. Аспиратори
6. Грејни плочи
7. Рерни

- Биро конструкции GGA
1. Минерва
2. Ариане
3. Армониа
4. EOС
5. Итака

- Вагонетки - Инокса - Италија

- GAMET рачки,закачалки...
Gamet производител на ексклузивен декоративен оков за производство на мебел, рачки,ногари,закачалки,кваки за влезни врати....
1. Рачки
2. Закачалки
3. Ногарки
4. Кваки за врати

- Солопром нуди и услуги ...

- Кроење на плочести материјали

- Кантирање на плочести материјали

- Услуги на ЦНЦ ровер

- Испорака до купувачи

Сајтот е добар ... но секојпат може да биде и подобар ... некако е статичен ... некои линкови не работат ... како да не е доработен ... фалат цени ... неможе да се нарача по меил ... неможе да се регистрираш ...

Во продолжение ке ви представам неколку мои фотки а ке дадам и мапа каде се наоѓа ...

Soloprom - kolaz - materijali (Large).jpg

Ова е изложбениот салон на материјали во Солопром Бутел ... фино замислено и средено ...

Soloprom - kolaz - vraboteni (Large).jpg

Ова се љубезните вработени на Солопром ... кои примаат нарачки ... даваат совети ... предлагаат решенија ... информираат ...

Soloprom - kolaz - masinski park.jpg

Дел од машинскиот парк ...

Soloprom - kolaz - nadvoresno.jpg

Неколку фотки ... надворешни - од улица ...

Google mapa - Soloprom - обележана заокружена (Large).jpg

Кликни на мапата за поголема ... а на останатите фотки клинки со десен клик на фотката и избери ја првата опција ако сакаш поголема фотка ...
1. Солопром - Бутел 1
2. Почеток на општина Бутел од надвозникот на пругата па натака ...
3. Подвозник - надвозник на пруга ...
4. Водовод Бутел 1 ... рени бунари ...
5. Наше дете
6. Бензинска пумпа Макпетрол Бутел 1
7. Ул. Александар Урдаревски ... 1090 ... води кон Бутелска улица и Радишани ...
8. Ул. Боца Иванова ... 1092 ... води кон Градските гробишта Бутел ...
9. Ул. Цетињска ... 1100 ...
10. Ул. Душко Поповиќ ... 1131 ... на почетокот на улицата е Солопром ...
11. Раскрсница ... неправилна ... се слеваат 6 улици ... идеална да се направи со кружен ток ... инаку е критично место за вклучување со автомобил ... а и опасна за пешаци ...

1 comment:

Photo Volan said...

Написов не е реклама ... тој е само мое видување за Солопром ... во кој деновиве имав потреба да нарачам елементи за еден мој деловен објект ...

Дека не е реклама поседувам уплатница на се што е нарачано од Солопром ... Уплатница и фискална сметка се разбира ...

Blog Archive

Site Meter