Search This Blog

Friday, September 21, 2007

Силата е во младите ...

Дека силата е во младата популација тоа е јасно на сите што се бават со соцолошко-политичка проблематика ... Тие се тие кои најгласно го искажуваат својот протест - воколку бидат засегнати ... тие се тие кои ги носат револуционерните движења ...

Добро со младите често успешно и се манипулира ... Веројатно поучени од тие манипулации кај нас - кои се случуваа и во нашето политичко миље ... нашите млади долговреме се одсутни од домашната политичка сцена ...

Во еден постар пост “Зошто Македончето Ќути, Трпи, Трае...“ пробав да си појаснам - зошто Македонецот ќути трпи и трае ... Во последната реченица од тој пост - употребив сентенца “Студентите, кои насекаде во светот се движечка сила на сите протести, во земјава не покажуваат никаков интерес своето наталожено незадоволство да го изразат отворено“ ...

Еве сега во специфичната “јајце р-Еволуција“ каде младите го искажуваат својот протест се гледа дека само младите се способни толку енергично да го искажат својот протест кон нештата кои им сметаат ... Сетете се само на случувањата од минатата година во протестите во Франција ... и таму истиве млади луѓе го носеа епитетот на бунтовници ... Смешни се пробите на сегашните “одговорни“ - дека ке ги казнуваат директорите на школите ... Младите како и повеќепати до сега ке ја добијат својата битка ... бидејки силата извира во нив самите ... Проблемот требал да се предвиди и со младите да се работи многу порано ... сега е доцна ...

Вакви силни протести во МК имаше последен пат со случајот на Педагошката академија ... и Филип Петровски ...

Значи способни за бунтување и изразување незадоволство се само младите ... Затоа во сите системи и се обрнува посебно внимание на потребите на младата популација ...

No comments:

Blog Archive

Site Meter