Search This Blog

Tuesday, October 30, 2007

Женски гаќи ... градници ... машки гаќи ... малку статистика ...

На граничниот премин Богородица запленета е поголема количина на неуредно пријавеноа роба за царнење ... потекло на робата е од Кина ...

- 75.000 женски гаќи
- 1.470 градници
- 3.500 машки гаќи
- 540 женски боди
- 13.300 женски блузи

Не ми е целта на постот за да кажам дека е ова голем успех на МК царински работници ... туку само сакам да ги анализирам бројките и да извлечам некакви констатации ... а домаќинките кои најчесто перат по дома ако го прочитаат постав нека кажат дали заклучоците ми се точни ...

Испаѓа дека секоја жена дома во просек поседува на еден градник десет пара гаки ... Значи дека гаќите се во почеста употреба ... да речеме гаќи се менуваат секој ден а градник на три дена ... во однос на перење де ... Паѓа во вода тврдењето и митот дека многу од жените се шетаат без гаќи ...

Повеќе би се рекло тоа за мажите кои двапати помалку употребуваат гаќи ... или одат без нив ... или машките каќи се носат повеќе денови ... Значи женските гаки почесто се перат ...

Интересен е и податокот дека жените трошат неколку пати повеќе блузи од градници ... Очито жените често одат без градници ... Би можел уште да анализирам но и ова е доволно ...

Малку сеир и забава за крајот на денот ... бидејки утринава денот ми тргна лошо ...

No comments:

Blog Archive

Site Meter