Search This Blog

Thursday, November 15, 2007

Груевски ...Тачи ...

ВМРО-ДПМНЕ ја научи лекцијата, дека мора да соработува со една од албанските партии ако сака да има власт во МК ... Скапо ја платија таа лекција во првиот парламентарен состав - кога иако беа победници на изборите, (не дојдоа на власт ...) не сакаа да коалицираат со ниедна албанска партија од МК и кога СДСМ успеа иако со далеку помалку пратеници да владее ...

Љ.Георгиевски во вториот дел од својот Премиерски мандат откога ја раскина коалицијата со Алтернативците (преземајки поголем дел од пратенците на Алтеранативата ... продадените души кои потоа ги снема од политичката сцена - никој не сака предавници ...) ... повторно под “маестралната палка“ на СДСМ мораше да прифати Влада на широка коалисија ...

Иако млад сегашниот Премиер Груевски, за да владее - при формирањето на својата Влада мораше да направи избор меѓу “змија и магаре“ ... и сега за да опстане на власта е приморан да го брани својот избор ... Отаму чинам и премолчувањата на Груевски на видните испади на Тачи и компанија ... сосе Елмази ... А заради ова погаре ... се толку жестоки нападите на опозицијата - која напаѓајки го Тачи и компанија се обидува да раскине една владеачка коалиција ...

Политиката е чудна професија ... за нас обичните смртници често и неразбирлива ... контрадикторна ...

No comments:

Blog Archive

Site Meter